univerzitetski vesnik br. 109

20

Upload: goce-gjorgjijoski

Post on 08-Mar-2016

241 views

Category:

Documents


5 download

DESCRIPTION

Универзитетски весник број 109, издание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Република Македонија.

TRANSCRIPT

Page 1: Univerzitetski vesnik br. 109

univerzitetski

vesnikИздание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Број 109, август 2010

ЗЗГГООЛЛЕЕММЕЕНН ИИННТТЕЕРРЕЕССООТТ ЗЗАА ССТТУУДДИИРРААЊЊЕЕННАА УУККИИММ

Page 2: Univerzitetski vesnik br. 109

универзитетски весник - број 109

универзитетски

весник

Главен и одговорен уредник

ППрроофф.. дд--рр ВВееллииммииррССттоојјккооввссккии

Заменик главен и одговорен уредник

ММ--рр ИИллиијјаа ППииппееррккооссккии

Постојани соработнициККооссттааддииннаа ММооккррооввааББииљљааннаа ФФооттииннооввссккааММ--рр ММаарриијјаа ЦЦееннееввссккааТТооммииссллаавв ББаашшееввссккии

ЛекторВВеессннаа ИИ.. ЦЦввееттааннооввссккаа

Техничко уредувањеГГоорраанн ММууррааттооввссккии

ЗГОЛЕМЕН ИНТЕРЕСОТ ЗА СТУДИРАЊЕ НА УКИМ

• Договор за меѓууниверзитетскасоработка помеѓу Универзитетот воМостар и Универзитетот „Св. КирилиМетодиј“

• Асоцијација на универзитетите воВелика Британија - Политика застандардите во високотообразование на универзитетитево В. Британија

Проф. д-р Владо Тимовски, деканна Педагошкиот факултет„Св. Климент Охридски“

.. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 8

. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 10

.. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 14

В о академската 2010/2011 година, на факулте-тите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“

во Скопје се запишува третата генерација средно-школци кои полагаа државна матура, така што немапромени во начинот на селекција на кандидатите.Тој се врши само според успехот од средното образо-вание, освен на студиските програми со посебниспецифики (Архитектонски факултет, Факултет зафизичка култура, Факултет за драмски уметности,Факултет за ликовни уметности, Факултет за музич-ка уметност), на кои селекцијата се врши споредуспехот од средното образование и со проверка назнаењата и умеењата на кандидатите.

Првиот уписен рок во академската 2010/2011година се одвиваше во периодот од 17 до 31 август2010 година.Во првиот уписен рок, на сите факултети на Уни-

верзитетот беа пријавени вкупно 6.817 кандида-ти-државјани на РМ. Од нив, на факултетите затехничките и природно-математичките науки сепријавија 1.543, на општествените науки 3.843, намедицинските 938, на биотехничките 284 и на умет-

Во изминатиов 5-месечен период, по донесувањетона Правилникот за условите, критериумите и прави-лата за запишување и студирање на трет циклус - док-торски студии на Универзитетот „Св. Кирил и Мето-диј“ во Скопје, на Универзитетот се остваруваа интен-зивни активности за донесување на студиските про-грами за докторски студии, изготвени и предложениод единиците - факултетите и научните институти вонеговиот состав. За таа цел, се одржаа бројни седницина Стручниот совет за докторски студии, Ректорскатауправа и Универзитетскиот сенат.Заклучно со 25 седница на Универзитетскиот сенат

од 6 јули 2010 година, усвоени се вкупно 42 докторскистудиски програми со повеќе потпрограми, односномодули. Во согласност со законската регулатива, про-

ДДООККТТООРРССККИИТТЕЕ ССТТУУДДИИССККИИ ППРРООГГРРААММИИ ННАА УУККИИММДДООССТТААВВЕЕННИИ ЗЗАА ААККРРЕЕДДИИТТААЦЦИИЈЈАА

Page 3: Univerzitetski vesnik br. 109

3универзитетски весник - број 109

ЗГОЛЕМЕН ИНТЕРЕСОТ ЗА СТУДИРАЊЕ НА УКИМ

ностите 209 кандидати. Сликата на интересот на кан-дидатите и годинава е иста како и во претходнитегодини: доминираат општествените науки: повеќеод половината пријавени кандидати (56%) беа опреде-лени за овие факултети, потоа на одделни студискипрограми на техничките и природно-математичкитенауки, на медицинските, на биотехничките науки ина уметностите.Во споредба со минатата година, бројот на прија-

вени кандидати е зголемен за 724 кандидати.И во текот на годинашната реализација на Конкур-

сот за запишување студенти во прва година УКИМбеше соочен со значителен интерес на кандидатитеза студирање на одделни студиски програми. Од дру-га страна, поради ограничените квоти утврдени воКонкурсот голем број кандидати не можеа да се запи-шат на избраните студии.За надминување на ваквата состојба, во правец на

остварување на правото на кандидатите за пристап вовисокото образование и за исполнување на нивнатажелба за продолжување на образованието на студии-те за кои се определиле, Универзитетот и годинава се

обрати до Владата на РМ, со барање да донесе допол-нителна одлука за зголемување на квотите, и тоа, наследниве факултети: Филозофскиот (педагогија, пси-хологија, одбрана и мир, социјална работа и социјал-на политика); Машинскиот (индустриски дизајн);Медицинскиот (општа медицина, стручни медицин-ски сестри/техничари, физиотерапевти), Фармацевт-скиот (фармација - петгодишни интегрирани студииод прв и втор циклус) и Педагошкиот факултет „Св.Климент Охридски (одделенска настава и предучи-лишно воспитание на македнски наставен јазик).Се очекува барањето на Универзитетот да биде

прифатено, во правец на остварување на правото накандидатите за пристап во високото образование и заисполнување на нивната желба за продолжување наобразованието, на студиските програми за кои сеопределиле.Според досегашните податоци, со реализацијата

на првиот уписен рок, на студиските програми насите факултети на Универзитетот се запишани вкуп-но 5.808 студенти, и тоа, 5.471 редовен и 337 вонред-ни студенти.

ДДООККТТООРРССККИИТТЕЕ ССТТУУДДИИССККИИ ППРРООГГРРААММИИ ННАА УУККИИММДДООССТТААВВЕЕННИИ ЗЗАА ААККРРЕЕДДИИТТААЦЦИИЈЈАА

ектите за воведување студискипрограми од трет циклус - док-торски студии се упатени на на-тамошна постапка за акредита-ција до Одборот за акредитаци-ја на високото образование воРепублика Македонија.Се очекува докторските сту-

диски програми да бидат акре-дитирани во наредниот период,за да може да се објави конкур-сот за запишување на доктор-ски студии во академската2010/2011 година. Во меѓувре-ме, останува да се утврдат иотворените прашања околу фи-нансирањето на докторскитестудии на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје.Подолу се дадени усвоените

докторски студиски програмина Универзитетот, кои се упате-ни на натамошна постапка заакредитација.

СТУДИСКИ ПРОГРАМИ ЗА ТРЕТ ЦИКЛУС-ДОКТОРСКИ СТУДИИНА УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“

Природно-математички науки

1. Студиска програма од трет циклус - докторски студии побиологија (предлагач и организатор: Природно-матема-тички факултет)

Потпрограми (модули):

- биологија - биохемија-физиологија- екологија - молекуларна биологија- биосистематика

2. Студиска програма од трет циклус - докторски студии пофизика (предлагач и организатор: Природно-математич-ки факултет)

3. Студиска програма од трет циклус - докторски студии погеографија (предлагач и организатор: Природно-матема-тички факултет)

Page 4: Univerzitetski vesnik br. 109

4 универзитетски весник - број 109

4. Студиска програма од трет циклус - док-торски студии по хемија (предлагач и ор-ганизатор: Природно-математички фа-култет)

5. Студиска програма од трет циклус - док-торски студии по математички науки ипримени (предлагач и организатор: При-родно-математички факултет)

6. Студиска програма од трет циклус - док-торски студии по информатика (предла-гач и организатор: Природно-матема-тички факултет)

Техничко-технолошки науки

7. Студиска програма од трет циклус - док-торски студии по електротехника и ин-формацискитехнологии (предлагач –Фа-култет за електротехника и информа-циски технологии)

8. Студиска програма од трет циклус - док-торски студии по геодезија (предлагач иорганизатор - Градежен факултет)

9. Студиска програма од трет циклус - док-торски студии по градежништво (пред-лагач и организатор - Градежен факул-тет)

10. Студиска програма од трет циклус - док-торски студии по индустриско инженер-ство именаџмент (предлагач и организа-тор –Машински факултет)

11. Студиска програма од трет циклус - док-торски студии по машинство (предлагачи организатор –Машински факултет)

12. Студиска програма од трет циклус - док-торски студии по металургија (предла-гач и организатор - Технолошко-металур-шки факултет)

Потпрограми (модули):

- металургија и метални материјали- екстрактивна металургија- електрохемиско инженерство

13. Студиска програма од трет циклус - док-торски студии по технологија (предла-гач и организатор - Технолошко-металур-шки факултет)

Потпрограми (модули):

- неорганско инженерство и заштитана животната средина

- технологија на облеката- проектирање системи со тоталенменаџмент на квалитет

- процесно инженерство- наука за полимери и полимерноинженерство

- биотехнологија- текстилни екотехнологии- прехранбена технологија- управување на технолошки процесиза обезбедување квалитет на храна

14. Студиска програма од трет циклус - док-торски студии по инженерство на жи-вотна средина и ресурси

Потпрограма (модул):

- инженерство на животна средина вотехнологијата и металургијата(предлагач и организатор: Технолошко-металуршки факултет)

15. Студиска програма од трет циклус - док-торски студии по земјотресно инженер-ство (предлагач и организатор - Инсти-тут за земјотресно инженерство и ин-женерска сеизмологија)

Медицински науки и здравство

16. Студиска програма од трет циклус - док-торски студии по медицина (предлагач иорганизатор - Медицински факултет)

Потпрограми (модули):

- базична медицина- клиничка медицина- молекулска медицина

17. Студиска програма од трет циклус - док-торски студии по стоматологија (пред-лагач и организатор - Стоматолошкифакултет)

Потпрограми (модули):

- реконструктивно-протетскастоматологија

- превентивно-реставративна иинтерцептивна стоматологија

- орофацијална хирургија- болести на устата и парадонтот

Page 5: Univerzitetski vesnik br. 109

5универзитетски весник - број 109

18. Студиска програма од трет циклус - док-торски студии по фармација (предлагачи организатор - Фармацевтски факул-тет)

19. Студиска програма од трет циклус - док-торски студии по јавно здравство (пред-лагач и организатор - Медицински факул-тет)

Биотехнички науки

20. Студиска програма од трет циклус - док-торски студии по ветеринарна медици-на (предлагач и организатор - Факултетза ветеринарна медицина)

Општествени науки

21. Студиска програма од трет циклус - док-торски студии по етнологија и антропо-логија (предлагач и организатор: Природ-но-математички факултет)

22. Студиска програма од трет циклус - док-торски студии по економски науки

Потпрограми (модули):

- маркетинг (предлагач и организатор:Економски факултет)

- монетарна економија, финансии ибанкарство (предлагач и организатор:Економски факултет)

- економија на јавен сектор и јавнидејности (предлагач и организатор:Економски факултет)

23. Студиска програма од трет циклус - док-торски студии по кинезиологија (предла-гач и организатор - Факултет за физич-ка култура)

24. Студиска програма од трет циклус - док-торски студии по педагогија (предлагачии организатори - Филозофски факултети Педагошки факултет „Св. Климент Ох-ридски“)

Потпрограми (модули):

- теориско-компаративен модул- модул за предучилишно воспитание иобразование

- модул за училишно воспитание иобразование

- социјално-педагошки модул- андрагошки модул

25. Студиска програма од трет циклус-док-торски студии по дефектологија (пред-лагач и организатор – Филозофски фа-култет)

Потпрограми (модули):

- специјална едукација- превенција и рехабилитација на лица соинвалидност

26. Студиска програма од трет циклус - док-торски студии по организациони наукии управување (менаџмент)

Потпрограми (модули):

- менаџмент на човечки ресурси(предлагач и организатор - Институт засоциолошки и политичко-правниистражувања)

- е-бизнис менаџмент (предлагач иорганизатор: Економски факултет)

- финансиски менаџмент (предлагач иорганизатор: Економски институт)

- маркетинг-менаџмент (предлагач иорганизатор: Економски институт)

- претприемништво (предлагач иорганизатор: Економски институт)

27. Студиска програма од трет циклус - док-торски студии по политички науки

Потпрограми (модули):

- политички систем (предлагач иорганизатор - Правен факултет„Јустинијан Први“)

- политички науки (предлагач иорганизатор - Правен факултет„Јустинијан Први“)

- јавна администрација (предлагач иорганизатор - Правен факултет„Јустинијан Први“)

- меѓународни односи (предлагач иорганизатор - Правен факултет„Јустинијан Први“)

- демократијата во услови наглобализација (предлагач и организаторИнститут за социолошки и политичко-правни истражувања)

Page 6: Univerzitetski vesnik br. 109

6 универзитетски весник - број 109

28. Студиска програма од трет циклус - док-торски студии по комуникологија (пред-лагач и организатор – Правен факултет„Јустинијан Први“)

29. Студиска програма од трет циклус - док-торски студии по правни науки (предла-гач и организатор - Правен факултет„Јустинијан Први“)

Потпрограми (модули):

- административно право- право на информатичка технологија- право на интелектуална сопственост(авторско и пронајдувачко право)

- правна реторика и аргументација- деловно право- финансово право- граѓанско право- историја на правото- казнено право- меѓународно право- право на Европска унија- римско право- теорија на правото- уставно право

30. Студиска програма од трет циклус - док-торски студии по социологија

Потпрограми (модули):

- социокултурен модул (предлагач иорганизатор - Филозофски факултет)

- социоекономски модул (предлагач иорганизатор - Филозофски факултет)

- европска интеграција (предлагач иорганизатор - Филозофски факултет)

- социологија на организација (предлагачи организатор - Институт засоциолошки и политичко-правниистражувања)

- социологија на окружувањето(предлагач и организатор - Институт засоциолошки и политичко-правниистражувања)

31. Студиска програма од трет циклус - док-торски студии по социјална работа и со-цијална политика (предлагач и организа-тор - Филозофски факултет)

Потпрограми (модули):

- социјална работа- социјална политика

32. Студиска програма од трет циклус - док-торски студии по безбедност, одбрана имир (предлагач и организатор - Фило-зофски факултет)

Потпрограми (модули):

- безбедност- одбрана- мир

Хуманистички науки

33. Студиска програма од трет циклус - док-торски студии по историја (предлагачии организатори: Филозофски факултети Институт за национална историја)

Потпрограми (модули):

- историја на античка Македонија- историја на Балканот од крајот нажелезното до римско време

- средновековна Европа и Балканот- средновековни религии- Балканот во новиот век- Македонија во новиот век- историја на новиот век- историја на Македонија во 20 век- Македонија, Балканот и светот во 20 век- историја на дипломатијата- архивистика и помошни историскинауки

- студии по османистика- социо-економски студии за Македонијаво 20 век

- историја на религиите во Македонија- воена историја на Балканот иМакедонија во 20 век

- Византија и средновековна Македонија

34. Студиска програма од трет циклус-док-торски студии по археологија (предла-гач и организатор – Филозофски факул-тет)

Потпрограми (модули):

- предхристијанска археологија- христијанска археологија- религиско-митолошки проучувања воархеологијата

- средновековното ликовно и археолошконаследство и македонскиот културенидентитет

Page 7: Univerzitetski vesnik br. 109

7универзитетски весник - број 109

35. Студиска програма од трет циклус - док-торски студии по наука за јазик (предла-гач и организатор – Филолошки факул-тет „Блаже Конески“)

Потпрограми (модули):

- албански јазик- турски јазик- англиски јазик- германски јазик- романистика- славистика

36. Студиска програма од трет циклус - док-торски студии - македонистика (предла-гачи и организатори: Филолошки факул-тет „Блаже Конески“, Институт за ма-кедонски јазик „Крсте Мисирков“ и Ин-ститут за македонска литература)

Потпрограми (модули):

- македонски јазик и лингвистика- македонска книжевност ијужнословенскикнижевности

- научноистражувачки студии намакедонскиот јазик

- македонска книжевност

37. Студиска програма од трет циклус - док-торски студии по филозофија (предла-гач и организатор – Филозофски факул-тет)

Потпрограми (модули):

- историја на филозофијата- логика и епистемологија- етика- естетика и филозофијана културата

- филозофска антропологија

38. Студиска програма од трет циклус - док-торски студии по историја на уметнос-та (предлагач и организатор - Филозоф-ски факултет)

Потпрограми (модули):

- уметноста и културата на средниот век- поствизантиска и преродбенскауметност на Балканот

- современа светска уметност ивизуелна култура

- семиотички проучувања наликовното и визуелното

39. Студиска програма од трет циклус - док-торски студии по културологија (пред-лагач и организатор - Филолошки факул-тет „Блаже Конески“, Филозофски фа-култет и Институт за македонска ли-тература)

Потпрограми (модули):

- култура- културна историја- јазик и култура- книжевност и култура- културолошки студии

40. Студиската програма од трет циклус -докторски студии по фолклористика(предлагач и организатор: Институт зафолклор „Марко Цепенков“)

41. Студиска програма од трет циклус - док-торски студии по класична филологија(предлагач и организатор – Филозофскифакултет)

Потпрограми (модули):

- компаративна граматика на класичнитејазици

- хеленска култура- римска култура- византиска култура- микенска култура

42. Студиска програма од трет циклус - док-торски студии по наука за книжевност(предлагач и организатор – Филолошкифакултет „Блаже Конески“)

Потпрограми (модули):

- албанска книжевност- турска книжевност- англиска книжевност- германска книжевност- романистика- славистика- општа и компаративна книжевност

Page 8: Univerzitetski vesnik br. 109

8 универзитетски весник - број 109

Универзитетот во Мостар, со седиште на адреса: Тргхрватски великани бр. 1, 88 000 Мостар,

Босна и Херцеговина, застапуван од ректоротпроф. д-р Владо Мајсторовиќ

и

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, соседиште на адреса: бул. Крсте Мисирков бб,

1000 Скопје, Р. Македонија, застапуван од ректоротпроф. д-р Велимир Стојковски,

согласни да остварат соработка во областа наобразованието и науката, го потпишуваат следниов

ДОГОВОР ЗА МЕЃУУНИВЕРЗИТЕТСКА СОРАБОТКА

Член 1

Со Договорот се определуваат областитево кои ќе се остварува заедничката сора-ботка, како и формите и начините на нив-ната имплементација.

Член 2

Потписниците на Договорот ќе ја промови-раат академската соработка преку реали-зирање на следниве активности:

1. Размена на кадар:• Размена на академски кадар –

секој универзитет го одбирасвојот кадар за учество во раз-мената, со цел обука или одржу-вање настава на универзитетот-партнер, по основа на реципро-цитет.

• Визитинг академски кадар – се-кој од универзитетите може дапокани професори од универзи-тетот-партнер, со цел одржува-ње настава во определен вре-менски период.

• Визитинг научни истражувачи –со цел подобрување на обра-зованието или научното истра-жување, двата универзитета мо-жат да испратат на другиот уни-верзитет еден или повеќе вра-ботени.

2. Размена на студенти – двата универ-зитета ќе испраќаат студенти на раз-

мена во соодветните области на сту-дирање, на ниво на додипломскиили постдипломски студии.

3. Размена на публикации објавени одстрана на двата универзитета, коисе важни за развојот на научните иобразовните активности.

4. Размена на книги, списанија и другиинформативни материјали.

5. Организирање и реализирање на за-еднички научноистражувачки проек-ти, како и размена на информацииво однос на резултатите од истражу-вањата.

6. Организирање и спроведување надодипломските и постдипломскитестудии.

7. Размена на информации и коорди-нирање на условите за упис на сту-денти на додипломски и постдип-ломски студии.

8. Размена на искуства и информацииза студиските програми и методитена работа.

9. Заедничка размена на информацииза академските активности и плани-раниот развој на секој од универзи-тетите.

10. Организирање и учество во научни ипрофесионални конференции, сим-позиуми, средби и други сличниобразовни форми.

11. Соработка меѓу студентите и сту-дентските организации во областана академските, културните и спорт-ските активности.

12. Други области од заеднички инте-рес.

Page 9: Univerzitetski vesnik br. 109

9универзитетски весник - број 109

Член 3

Универзитетот-домаќин обезбедува соод-ветни услови за студирање и научноистра-жувачка работа за учесниците во раз-мената.

Патните трошоци и трошоците за престојги покрива универзитетот што ги предлагаучесниците во размената.

Член 4

Условите на реализирање на секоја кон-кретна активност во рамките на соработ-ката предвидена со Договорот (член 2)треба писмено да биде дефинирана воанекс на овој Договор, усвоен и потпишанод страна на двата универзитета предзапочнувањето на активностите.

Член 5

Меѓууниверзитетската соработка заснованана овој Договор (член 2) ќе се реализирапо принципот на реципроцитет.

Член 6

Двата универзитета изразуваат согласностда го информираат другиот универзитет вооднос на сите околности кои се од важностза реализација на Договорот.

Член 7

Сите измени и дополнувања на Договороттреба во писмена форма да бидат прило-жени кон Договорот.

Член 8

Договорот се потпишува на неопределенпериод.

Член 9

Двата универзитета можат да го раскинатДоговорот во форма на писмено известу-вање.

Периодот на раскинување на Договоротизнесува 6 месеци.

Важноста на Договорот истекува на крајотод периодот на раскинувањето, под условсите претходно започнати активности дабидат спроведени.

Член 10

Договорот стапува во сила со денот на пот-пишувањето од страна на правните застап-ници на двата универзитета.

Член 11

Договорот се потпишува во 6 примероцина македонски, хрватски и англиски јазик,по 3 за секој универзитет.

УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ,

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Р е к т о р

Проф. д-р Велимир Стојковски, с.р.

УНИВЕРЗИТЕТ ВО МОСТАР,

БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА

Р е к т о р

Проф. д-р Владо Мајсторовиќ, с.р.

4 јуни, 2010

Page 10: Univerzitetski vesnik br. 109

10 универзитетски весник - број 109

АСОЦИЈАЦИЈА НА УНИВЕРЗИТЕТИТЕВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА

ПОЛИТИКА ЗА СТАНДАРДИТЕ ВО ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ НАУНИВЕРЗИТЕТИТЕ ВО В. БРИТАНИЈА

1. Секторот за високо образование во В. Британија еголем и разнолик. Постојат повеќе од 130 тела соовластување за доделување на дипломи и повеќеод 10.000 различни курсеви. Клучна предност насекторот е хетерогеноста на сопствените инсти-туции што ги содржи. Секоја има различна мисија,приоритети, предмет на фокус, интереси на истра-жување и инфраструктура. Ова му овозможува насекторот како целина да ги исполни различнитепотреби на различните видови студенти, како и даго понуди спектарот на бараните дисциплини.Студентите се запишуваат во рамките на високотообразование за различни потреби и ќе се обрататна различни институции за да ги исполнат своитецели.

2. Ние имаме национален систем кој ги обезбедуваквалитетот и стандардите на нашите дипломи. Овапотврдува дека стандардот на дипломите е широкоспоредуван низ системот, не е еднаков или иден-тичен, туку широко споредлив. Ние немаме нацио-нална наставна програма во рамките на високотообразование, ниту пак имаме национален совет заакадемски дипломи. Сметаме дека ниедно од овиетела не може да им помогне на студентите или наработодавците. Тие би ги закоравиле иновацијатаи разноликоста и би го загрозиле зајакнувањето наквалитетот. Тие исто така не се неопходни, имајќина ум дека веќе постојат голем број на заштитнимерки што ја чуваат вредноста на дипломатаиздадена од Обединетото Кралство, од која билоинституција во рамките на високото образование.Оваа изјава ги опишува овие заштитни мерки.

Како се обезбедуваат стандардите науниверзитетите во Обединетото Кралство?

3. Овластувањето да се додели диплома е уредено созакон. Со цел да се додели признаена диплома зависоко образование во Обединетото Кралство, еднаорганизација треба да има овластување да го на-прави тоа или од страна на кралско одобрувањеили од страна на парламентарен акт. Навреда е заедна институција да додели диплома ако немаодобрување да го направи тоа.

4. Сите институции кои имаат право да доделатдипломи го употребуваат Кодексот за уверувањево академскиот квалитет и стандарди во високотообразование. Кодексот се состои од десет дела коиопишуваат, на пример, како програмите треба дасе создадат, да се одобрат, да се мониторираат и дасе прегледаат, како да се оценуваат студентите, икако треба да се постапува со жалбите од страна настудентите. Ова воспоставува дадени прописи кои

се однесуваат на квалитетот (соодветно и ефикаснопредавање, поддршка, проценка и можности заучење овозможени за студентите) и стандардите(нивото на достигнување што мора да го оствариеден студент со цел да добие диплома).

5. Во овој контекст, сите институции мораат да јаупотребуваат Рамката за квалификациите во ви-сокото образование, која го воспоставува нивотона достигнување, претставено од страна на ситеквалификации во високото образование. Ова ис-цртува што всушност се очекува од еден дипломецво која било дисциплина и уверува дека дипломитена Обединетото Кралство се меѓународно признати.

6. На ниво на предмет, оваа рамка има значење напредметни одредници. Тие опишуваат кој и ја давакохерентноста и идентитетот на дисциплината идефинираат што може да се очекува од еден дипло-мец во смисла на способности и вештини што по-кажуваат разбирање и компетентност за самиотпредмет. Овие предметни одредници се осмислениод академици-експерти, признаени како автори-тети во рамките на нивните ценети општества, кои,пак, се обединети од страна на претставниците напрофесионалните или регулаторните тела каде штое соодветно.

7. Овие предметни одредници ги опишуваат прин-ципите, природата и опсегот на предметот, зна-ењето по самиот предмет, специфичните вештиниза предметот и генеричките вештини развиени ворамките на самиот предмет, формите на преда-вање, учење и проценка што можат да се очекуваатво рамките на самиот предмет. Тие исто така говоспоставуваат минимум (праг) стандардот што еприфатлив во рамките на предметот. Тогаш од ситеуниверзитети се бара да ги изготват програмскитеспецификации, кои даваат јасен опис за тоа штосекоја програма вклучува и очекува.

8. Од сите институции се очекува да работат во рам-ките на оваа широка рамка и постојат два меха-низма кои даваат сигурност дека тие, впрочем, гоправат тоа. Првиот механизам е подготовки занадворешно испитување. Овие независни и непри-страсни академски советници се регрутирани однашите универзитети или од професионалнатапрактика. Тие даваат извештај дали академскитестандарди воспоставени за наградата се соодветни,степенот до кој овие проценки се строги и компа-тибилноста на стандардите и студентските достиг-нувања во други институции.

9. Вториот механизам за сигурност е овозможен одстрана на Агенцијата за осигурување на квалитет

Page 11: Univerzitetski vesnik br. 109

11универзитетски весник - број 109

и има две улоги. Прво, таа е одговорна за одржу-вање на алатките кои ги зајакнуваат стандардитеи квалитетот, како што се Кодексот на практика иРамката за квалификациите во високото образо-вание. Второ, таа редовно ги посетува институциитеза да ја прегледа практиката на самата институцијаи да донесе мислење за нивната самодоверба воуниверзитетскиот менаџмент на академските стан-дарди на сопствените дипломи.

10. Ревизијата (која поинаку се нарекува во различниделови од Обединетото Кралство) дава слика запроцедурите на една институција во даден времен-ски период и е поддржана од институционалносамооценување, како и од одредбата од докумен-тираниот доказ што ќе известува за клучнитепроблеми опфатени од Кодексот на практиката иРамката за квалификациите во високото образо-вание. И покрај тоа што Агенцијата за осигурувањена квалитетот не го набљудува предавањето, нејзи-ните оценувачи ги земаат предвид извештаите нанадворешните испитувачи и писмениот коментарод студентите, дури и се среќаваат со студентите.Тие исто така сакаат да бидат сигурни дека инсти-туцијата ги зема предвид мислењата на работо-давците.

11. Секој што смета дека има пропуст во стандардитена која било институција во Обединетото Кралство,може да побара соодветна процедура што се одне-сува на постапката. Ова е сосема дозволено и отво-рено за секого, од надворешниот испитувач, донекој студент или кој било член од јавноста. Аген-цијата за осигурување на квалитетот внимателноќе ги разгледа обвинувањата со цел да се увери кадепостои системски пропуст кај институцијата и штотреба да се преземе околу тоа.

12. Дали Агенцијата за осигурување на квалитетот имаограничена или никаква доверба во универзитет-ското организирање на стандардите, ќе биде прене-сено до основачките тела и исто така ќе се објави.Основачките тела имаат правна одговорност да гоосигураат квалитетот на одредбата што ја поддр-жуваат. HEFCE, на пример, има политика за неза-доволителен квалитет, што утврдува како тие биреагирале на обвинувањата за неуспех во управу-вањето со стандарди, во екстремни случаи дури исо отстранување од финансирање.

13. Во тој контекст, постојат повеќе од 50 професио-нални, статутарни и регулаторни тела кои функцио-нираат во високото образование. Тие ги воспоста-вуваат стандардите за курсевите што ги акреди-тираат во различни износи на детали. Ова значидека во одредени професионални области ќе постоипоголема сличност меѓу курсевите. Некои универ-зитети, повеќето од сопствените одредби ги имаатакредитирано од професионални, статутарни илирегулаторни тела. Оваа акредитација ќе бидеповлечена ако PSRB изрази загриженост за стан-дардите.

Развојот на настаните во иднина

14. Веруваме дека системот за обезбедување квалитеттреба постојано да биде прегледуван и надградуван.Со осврнување кон стандардите, во моментов сефокусираме на:

• Разгледување на надворешни подготовки заиспитување, со цел да се увери дека тие се нај-робусни, како и да се дадат препораки околу тоакако треба да се подобрат. Овој преглед ќе сеобјави во декември 2010.

• Препорачување на подготовки за надворешнииспитувања на системот за квалитет во целоство Англија и Северна Ирска, особено институ-ционалната ревизија базирана на широка кон-султација која завршила во март 2010. Ова ќе гивклучува препораките во врска со зајакнувањетона институционалната ревизија, да се увери декасе продолжува со овозможување на јавно осигу-рување дека стандардите на прагот се исполнети.Тие ќе се спроведат почнувајќи од 2011 до 2012.

• Поддржувајќи ја Агенцијата за осигурување наквалитетот, во нејзината евалуација на академ-ската инфраструктура ( која ги опфаќа алаткитеод параграфите 4 - 7 погоре), сето ова има за целда воспостави дали академската инфраструктураги исполнува сопствените цели, дали е погодназа намена и дали е доволно флексибилна да гоовозможи развојот на настаните во иднина вовисокото образование. Препораките ќе се дадатподоцна оваа година.

Споредливост на стандарди

15. Некои луѓе прашуваат за 2:1 кај една институцијаспоредено со 2:1 кај друга, но при истиот предмет.Дали тие се идентични? Мислиме дека единстве-ниот начин тие да се идентични би бил ако постојатнационална програма и систем за националноиспитување. Никој сериозно не се расправа околутоа. Тие се различни, бидејќи ќе има различнапрограма, со цел да им се даде избор на студентите,како и да се профитира од специјалноста на пер-соналот кој ги образува, но и потребите на раз-личните работодавци. Ќе постојат различни методиза проценка. Сите се осмислени и проценети на-спроти прагот на стандардите објавени од Аген-цијата за осигурување на квалитетот и се одобрениод сите универзитети. Извештајот за достигну-вањето во високото образование, кој во моментотсе испробува кај мал број на високообразовниинституции, ќе биде корисен при обезбедување надеталите кои објаснуваат што лежи зад даденакласификација на дипломи за даден студент.

16. Тогаш се поставува прашањето, кое 2:1 вредиповеќе? Сметаме дека е погрешно да се постави овапрашање, бидејќи вклучува споредување на јаболкаи круши. Што е исправно за еден студент и еденработодавец, не е исправно за друг.

Page 12: Univerzitetski vesnik br. 109

12 универзитетски весник - број 109

Заклучок

17. Да заклучиме, сметаме дека е убаво што постоиширок спектар на курсеви, а не униформираност.Клучна предност на секторот е хетерогеноста наинституциите што го градат и одговорноста конбарањата од страна на студентот илиработодавецот. Секој има различни академскимисии, приоритети, предмети на фокусирање,интереси за истражување и инфраструктура. Овојвариетет, овозможен преку институционалнатанезависност, му овозможува на секторот какоцелина да ги исполни различните очекувања наразличните видови студенти, како и да го овозможиспектарот на бараните дисциплини. Студентите сезапишуваат во рамките на високото образование

од различни побуди. Во тој контекст, различнитеодредби нема и не треба да водат кон исти научникрајни резултати. Идентичната споредливост честоне е возможна или соодветна.

18. Подеднакво, сметаме дека е неопходно да постојатзаштитни мерки што обезбедуваат дека курсевитесе успешно ригорозни. Ние работиме прекузајакнување на институционалната ревизија,прегледот на надворешното испитување иевалуацијата на академската инфраструктура, даувериме дека овие безбедносни меркифункционираат добро и дека треба да се имадоверба во стандардите на дипломите стекнати воОбединетото Кралство.

Орце Митевски е роден на 26.7.1955 година во СветиНиколе. Основното образование го завршил во родниотград, а средното образование во Училиштето за физичкакултура „Методи Митевски-Брицо“ во Скопје. Дипло-мирал на Факултетот за физичка култура во Белград,Р. Србија. По дипломирањето се вработил во Училиш-тето за физичкакултура во Скоп-је. Во 1979 го-дина се вработилна Факултетот зафизичка култураво Скопје, какопомлад асистентпо предметотспортска гимнас-тика.Во 1984 годи-

на магистрирална Факултетот зафизичка култураво Белград, а сонаучното звање доктор на науки од областа нафизичката култура се стекнал во 2000 година, наФакултетот за физичка култура во Скопје, со одбранана докторската дисертација „Латентна поврзаност наантропометриските и моторните фактори со успешнаизведба на гимнастичките елементи кај учениците од17-годишна возраст“. Истата година бил избран возвањето доцент, а во 2004 година бил избран во звањетовонреден професор.Д-р Орце Митевски уште од најраната возраст поч-

нал да се занимава со спорт, прво како активен учесникво спортските секции, а потоа се вклучил во работатана ДТВ „Партизан“ во Свети Николе, каде што почналда се занимава со спортска гимнастика. Во овој периодучествувал на голем број гимнастички натпревари ос-војувајќи награди и признанија. Освен во работата наДТВ „Партизан“, „Орце Николов“ и „М. М. Брицо“ во

Скопје, во 1974 година продолжил активно да вежба воДТВ „Жарково“ во Белград. Со својата трудољубивост,доследност и самодисциплина во наставниот процес наФФК во Белград, оставил силен впечаток кај колегитеи наставниците поради што бил ангажиран за демон-стратор по предметот спортска гимнастика. Бил прет-седател на ОО на СС при Училишниот центар „КочоРацин“ во Свети Николе, како и помошник-директорна истиот Центар. Од 1986 до 1988 година бил надво-решен соработник-советник за физичко и здравственовоспитание за основните и средните училишта воЗаводот за унапредување на воспитанието и

образованието воШтип.Користејќи го

своето долгого-дишно искуствои сознанијата одобласта на спорт-ската гимнасти-ка, како и созна-нијата и теори-јата од научнитеистражувања, д-рОрце Митевскисекогаш настоју-ва да ги примениво практичната и

теоретската настава со што кај студентите придонесуваза развој на позитивен и активен став, интерес, љубови желба за совладување на нови посложени движења.Д-р Орце Митевски од завршувањето на високото

образование до денес се занимава со творечка и со на-учноистражувачка работа. Напишал и објавил триучебници: „Практикум по спортска гимнастика“, „При-рачник за оценување на гимнастички елементи исостави во спортска гимнастика“ и „Методика во спорт-ска гимнастика“, а неговите сознанија ги презентирална голем број семинари, симпозиуми и конгреси одобласта на физичката култура. При изборот во звањетодоцент му биле рецензирани 11 труда, а 14 труда билерецензирани при неговиот избор за вонреден професор.При изборот за редовен професор има доставено зарецензирање 13 труда. Учествувал во реализацијата надва научноистражувачки проекта.

ССооггллаасснноо ссоо ооддррееддббииттее оодд ЗЗааккоонноотт ззаа ввииссооккооттооооббррааззооввааннииее,, ккааккоо ии ннаа ССттааттууттоотт ннаа УУннииввееррззииттееттоотт„„ССвв.. ККиирриилл ии ММееттооддиијј ““ ввоо ССккооппјјее,, УУннииввееррззииттееттссккииооттссееннаатт ппооччннуувваа јјќќии оодд 33 ссееддннииццаа ооддрржжааннаа ннаа 44..1111 ..22000088ггооддииннаа ,, ддооннеессее ооддллууккии ззаа ииззббоорр ввоо ззвваањњееттоо ррееддооввееннппррооффеессоорр..

ВВоо ооввоојј ббрроојј ннаа УУннииввееррззииттееттссккии ввеесснниикк ќќее ббииддааттооббјјааввееннии ккррааттккии ббииооггррааффссккии ппооддааттооцции ззаа ппррооффеессооррии--ттее ччии јј ииззббоорр ее ииззвврршшеенн ввоо ииззммииннааттииоотт ппееррииоодд..

Д-Р ОРЦЕ МИТЕВСКИФАКУЛТЕТ ЗАФИЗИЧКА КУЛТУРА

Page 13: Univerzitetski vesnik br. 109

13универзитетски весник - број 109

Слоботка Алексовска е родена на 1.8.1960 година воСкопје. Основно и средно образование завршила вородниот град, а студиите на Хемискиот факултет приУниверзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ги за-вршила во 1983 година. Во 1986 година била применакако приправник-помлад асистент на Заводот за општаи неорганска хемија на Институтот за хемија при ПМФ.Постдипломските студии ги завршила во 1992 годинасо одбрана на магистерскиот труд „Двојни сулфати нанекои двовалентни метали со супституирани амониумкатјони - синтеза, идентификација и структурни коре-лации“, а докторирала во 1999 година со добрана надокторската дисертација „Структурни корелации кајизоморфни и изоструктурни серии“. Во 1988 година би-ла избрана за помлад асистент, а во 1993 година билаизбрана во звањето асистент, за во 1996 година да бидепреизбрана во истото звање. Во звањето доцент билаизбрана во 1999, а во звањето вонреден професор во2004 година.Д-р Слоботка Алексовска изведувала нумерички и

лабораториски вежби по предметите: основи на неор-ганската хемија и систематика на елементите; лабо-раториски вежби по: медицинска хемија за медици-нари, за стоматолози, за стручни медицински сестри;општа и неорганска хемија за биолози; општа хемијаза студентите од Шумарскиот факултет, како и за сту-дентите од групата ИСЗПР на Машинскиот факултет;хемија на комплексни соединенија; одбрани поглавјаод неорганска хемија; методика на наставата по хемијасо хоспитации за двопредметните студии по биологија-хемија. Изведува настава и на постдипломските студиипо предметите: техники и технологии на учење и неор-ганска биохемија. Била автор-коавтор на: 3 интернипрактикуми од општа и неорганска хемија; 1 интернаскрипта по општа и неорганска хемија за биолози; 2учебника и 2 работни тетратки за основно образова-ние; 2 учебника за средно образование; ЦД за учеб-никот, како и збирка фолии по хемија за III година нареформираното гимназиско образование, портал захемија за основно и средно образование. Покрај овабила преведувач и стручен редактор на книгата „Визу-елен речник по хемија“ и рецензент на 1 универзитет-ски учебник, 1 универзитетска збирка задачи, 1 универ-зитетски практикум и 1 збирка задачи за средно учи-лиште.Во реизборниот период била ментор на една магис-

терска работа, како и на повеќе од 20 дипломскиработи, а била член на рецензентска комисија за од-брана на докторска дисертација во Нови Сад, Р. Србијаи на една во земјата, како и во комисија за одбрана надве магистерски работи.Во својата научноистражувачка дејност, како автор

или коавтор објавилa 38 научни трудови, од кои 11 воизборниот период. Од нив, 20 се објавени во интерна-ционални списанија со импакт-фактор. Досега е цити-рана 90 пати во Научниот индекс за цитати (ScienceCitation Index). На разни научни манифестации учес-

твувала со 54 презентации (усни или постерски). Одовие презентации, 3 се предавања по покана (две над-вор од земјата и една во земјава). Во реизборниотпериод била рецензент на два научни труда за Mace-donian Journal of Chemistry and Chemical Engeneering.Д-р Слоботка Алексовска била член на Организаци-

ониот одбор на меѓународниот собир 5th InternationalConference of the Chemical Societies of the South-EastEuropean Countries и во Научниот одбор на VII конгресза чиста и применета хемија на студентите од Маке-донија. Била организатор и раководител на Семинарза средношколските наставници од Македонија и орга-низатор на Семинар за наставници од основното обра-зование од Македонија, Албанија и Косово, во рамкитена ТЕМПУС-проектот Improvement in Teching Qualityin South East Europe. Во реизборниот период била ра-ководител на еден меѓународен билатерален проект,како и раководител на ТЕМПУС-проект. Покрај тоаучествувала и во два проекта од наставата.Д-р Слоботка Алексовска во периодот 2005/2007

година била раководител на Заводот за општа и неор-ганска хемија, а сега раководи со Институтот за хемијапри ПМФ.Во звањето редовен професор е избрана на седни-

цата на Универзитетскиот сенат, одржана на 6.7.2009година.

Во звањето редовен професор е избран на седницатана Универзитетскиот сенат, одржана на 6.7.2009година.

Д-Р СЛОБОТКА АЛЕКСОВСКАПРИРОДНО-МАТЕМАТИЧКИ ФАКУЛТЕТ

Д-Р РОБЕРТМИНОВСКИМАШИНСКИ ФАКУЛТЕТ

Роберт Миновски е роден на 20.11.1964 година воБитола. Основно и средно училиште завршил воСкопје. Дипломирал на Машинскиот факултет воСкопје, на насоката за производно машинство. Подипломирањето во 1989 година се вработил какопомлад асистент на Институтот за производно машин-ство при истиот Факултет. Во 1994 година магистриралсо одбрана на темата „Концепт на САРР систем и раз-работка на одредени технолошки проблеми“, а во 1999година докторирал, исто така на Машинскиот факул-тет со одбрана на докторската дисертација „Креирањена модел за севкупно преструктурирање на претпри-јатијата“. Истата година бил избран за доцент по пред-метите студија на работата, информациски системи исофтвер-алатки и група предмети од областа на ин-дустриското инженерство и менаџмент. Во 2004 го-дина бил избран за вонреден професор во научнатаобласт индустриско инженерство и менаџмент. Д-р Ро-берт Миновски е раководител на Лабораторијата заиндустриско инженерство и менаџмент, член на Уни-верзитетскиот сенат, а бил и секретар на Институтот запроизводно машинство, член на Факултетскиот совет,како и член на повеќе асоцијации и здруженија.Д-р Роберт Миновски се образувал и обучувал на

повеќе полиња во земјата и во странство. Реализиралповеќе посети и студиски престои на еминентни меѓу-народни институции во Германија, Велика Британија,Финска, Австрија и во Јапонија. Бил рецензент на двесписанија за машинско инженерство во Р. Македонијаи во Р. Хрватска, а исто така бил и ментор на повеќедипломски работи и на еден магистерски труд. Во 1999година, д-р Миновски бил проктор во сертифика-циската програма на Американското здружение заквалитет.

Page 14: Univerzitetski vesnik br. 109

14 универзитетски весник - број 109

Покрај изведувањето настава, д-р Роберт Миновскидал голем придонес и во унапредувањето на наставатапреку исклучително плодната активност на полето насоздавањето на учебни помагала, како за предметитена додипломската, така и за предметите на постдип-ломската настава. Во процесот на имплементирање наболоњскиот процес во високото образование, активноучествувал во унапредувањето на наставниот и обра-зовниот процес на Машинскиот факултет. Истовре-мено треба да се истакне и неговиот извонреден односкон студентите, големиот ентузијазам во предавањатана дисциплините и пренесувањето на знаењата, посто-јаната присутност и поготвеност за дополнителни објас-нувања и консултации и воопшто, максималната ко-ректност како наставник и педагог. Во периодот доизборот за редовен професор има објавено 22 научно-

стручни труда, а учествувал и во изработката на повеќепроекти и студии, како и на семинари и обуки.Работниот и професионален ангажман на д-р Ро-

берт Миновски во континуитет покажува исклучи-телни постигања во наставата, научноистражувачкатаи апликативната дејност која се изразува преку автор-ство на 4 и коавторство на 5 учебни помагала (еднакнига, два прирачника и шест интерни скрипти). Него-вите меѓународно потврдени трудови од областа напреструктурирањето на претпријатијата, поврзано сосистемите за мерење на учинокот, претставуваат импо-зантен опус во ова толку значајно и актуелно подрачје.

Во звањето редовен професор е избран на седница-та на Универзитетскиот сенат, одржана на 6.7.2009година.

АКРЕДИ ТИРАНИ ДОДИПЛОМСКИ ТЕ СТУДИИ

ПО БИБЛИОТЕКАРСТВО

Проф. д-р Владо Тимовски,декан на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“

Во овој извештаен период (мај 2009 - мај 2010 год.),дејноста на Педагошкиот факултет „Св Климент Охрид-ски”, сосема природно, а во рамките на четиригодиш-ната програма и едногодишната програма, се надоврзана дел од започнатите активности од минатата година,при што некои од нив во оваа учебна година ја добијаи својата завршница. Иницирани се и разрешениповеќе прашања што се поврзани со наставната дејностна Факултетот. Подобрени се, исто така, условите застудирање и работа на Факултетот. Кога се оценувацелокупната работа на оваа високошколскаинституција,може да се истак-не дека огромен епридонесот напрофесорите коипреку тимска ра-бота успеаја дазавршат неколкузначајни проектикои се однесуваатпред сѐ на настав-ната работа, по-тоа придонесотна членовите наУниверзитетски-от сенат од наши-от Факултет, чле-новите на Факул-тетската управа ина деканот. И во овој период се остварени повеќеактивности и соработка со други високообразовниинституции во земјата и во странство.Органите на Факултетот остварија забележителна

активност која се појави, пред сѐ, како резултат на ди-намичната активност што се одвиваше во рамките наУниверзитетот, како и од потребата да се изврши акре-дитација на студиските програми за постојните насокии другите студиски програми.

Во извештајниов период се одржани 7 редовни и 3вонредни седници, како и 1 свечена седница на Нас-тавно-научниот совет.Централно место на овие седници имаа прашањата

што се поврзани со изготвувањето на студиските и напредметните програми од прв, втор и трет циклус сту-дии. Спроведени се и повеќе постапки за избор во нас-тавно-научни и соработнички звања и се донесенипредлог-одлуки за избор во наставно-научно звањередовен професор, одлука за ангажирање на демон-стратори и одлука за ангажирање на стручњак од прак-

тиката, за учеб-ната 2009/10 го-дина. Со тоа сеподобрени кад-ровските мож-ности на Факул-тетот.Наставно-на-

учниот советрасправаше и замеѓународнатасоработка на Фа-култетот, пришто се разгледу-вани и се доне-сени одлуки заорганизирањена научен собирво Едрене, Р.

Турција, во соработка со Тракискиот универзитет одЕдрене, Р. Турција и Стара Загора, Р. Бугарија, потоаорганизирање на Петтиот научен собир, со меѓуна-родно учество во Охрид, мај 2010 година, организи-рање на научен собир со предучилишна установа одГевгелија, организирање на стручни расправи, како иучество во проекти и други научни собири, конфе-ренции и слично, организирани од други домашни иод меѓународни субјекти.

Page 15: Univerzitetski vesnik br. 109

15универзитетски весник - број 109

Донесени се и одлуки за формирање Комисија заизготвување Елаборат за организирање и работа наЦентарот за перманентно образование, како и за реали-зација на издавачката дејност, при што, уште еднаш, епотенциран фактот дека издавањето и употребата научебниците на Факултетот мора да се врши согласно сопредвидените норми и утврдени процедури.Деканатската управа одржа 22 редовни и 2 вонред-

ни седници на кои, во рамките на утврдените надлеж-ности, е расправано за сите прашања поврзани со рабо-тата на Факултетот.Патрониот празник на Педагошкиот факултет „Св.

Климент Охридски” во Скопје - 8 декември, беше одбе-лежан со свечена седница на Наставно-научниот совет,при што беа доделени признанија и награди на најдоб-рите студенти и беа доделени награди за најдобар есеј,според објавениот конкурс.

Наставно-образовен процес

Со редовната настава се започна на 15 септември, сосвеченото отворање на учебната година од страна напроф. д-р Велимир Стојковски, ректор на Универзи-тетот „Св. Кирил и Методиј”. По тој повод, исто така, ина Факултетот, со новозапишаните студенти, беше орга-низирано свечено започнување на наставата. За реа-лизација на наставата за сите студиски години на поче-токот, како на зимскиот, така и на летниот семестар,деканот, Факултетската управа и Наставно-научниотсовет ги презедоа сите потребни кадровски и другимерки за навремено започнување на наставата. Имено,постојано присутниот недостаток од наставен кадар иво оваа учебна година се решаваше со ангажирање нанаставници од другите единици на нашиот Универзи-тет, а за наставата на албански наставен јазик се анга-жирани неколку професори од Државниот универзитетво Тетово. Исто така, се примени 3 асистенти за наста-вата на албански јазик и 1 за наставата на македонскијазик. Дополнително се ангажирани уште шест демон-стратори и еден стручњак од практиката. Сето тоа при-донесе наставата по задолжителните и изборните пред-мети да започне навреме и да се одвива во текот на це-лата учебна година. За одбележување е и тоа дека вооваа учебна година се пристапи поорганизирано конорганизирањето на педагошката практика и на педа-гошкиот стаж на студентите во градинките и во основ-ните училишта. Со цел овој дел од наставата да добиепоголемо значење и поорганизирано и координиранода се настапува, за првпат од постоењето на Факулте-тот, оваа година беше организирана средба со дирек-торите на основните училишта и градинките. Напра-вени се согледувања за досегашната реализација и меѓу-себната соработка и е договорено, во иднина, поопстој-но да се согледаат потребите од повеќе заедничкиактивности за реализацијата како на практиката, такаи на педагошкиот стаж.Педагошкиот факултет веќе неколку години орга-

низира скратена настава за вонредните студенти. Нас-тавата се организира во зимскиот и во летниот семес-тар, и се изведува еден месец. Според искажувањата настудентите, тоа се покажа како мошне корисно за нив-ното информирање и за совладувањето на наставнитесодржини. Во рамките на тој дел беа определени и тер-мини за консултативни средби во попладневните часо-ви, што, исто така, се покажа како мошне важно запоквалитетно студирање. Со посебно ангажирање наДеканатската управа и оваа учебна година е зголемен

бројот на студентите кои ја посетуваат оваа настава.Категоријата студенти на дообразование е присутна

на Педагошкиот факултет речиси од неговото основа-ње. Нивниот број се намалува. Но, присутна е прак-тиката, дел од нив кои ја завршиле едната студискагрупа, да се запишуваат на другата. Факултетот прекуредовни консултации им ги создава потребните условиза успешно студирање.Курсот за педагошко оспособување е наменет за

негувателките од градинките, со завршено среднообразование. Кандидатите полагаат три испити, кои сенеопходни за нивната работа. Во учебната 2009/10година се запишале 68 кандидати. По завршувањетона курсот, добар дел од нив пројавуваат интерес запродолжување на студиите на нашиот Факултет.

Усовршувањена студискитепрограми

Врз основа на претходно направените согледувањаза досегашната реализација на студиските и предмет-ните програми, според ЕКТС, од учебната 2004/05година, законските барања, како и одредени недос-татоци, се пристапи кон дополнување на студиските ина предметните програми за предучилишно воспита-ние и за одделенска настава. Направени се одредениизмени, односно зголемен е бројот на изборните пред-мети, смален е бројот на семестрите за наставата пометодската група на предмети. Со сите овие промени,обезбедена е бараната пропорционална застапеност назадолжителните наставни предмети во сооднос на из-борните (75% - 25%). За студиските програми е добиенаакредитација од Одборот за акредитација.Студиската програма по библиотекарство е акре-

дитирана во овој период и во Конкурсот за запишу-вање студенти на прв циклус студии на Универзитетот„Св Кирил и Методиј” во учебната 2010/11 година,поместени се и студиите по библеотекарство, што зна-чи дека за првпат во историјата на високото образова-ние на Р. Македонија, на Педагошкиот факултет „Св.Климент Охридски” ќе започне со работа оваа студискапрограма.Во овој период, заедно со Филолошкиот факултет

„Блаже Конески” е преземена иницијатива за изготву-вање проект за рано учење на странските јазици. Делод активностите се во тек.Педагошкиот факултет подолг временски период

се обидуваше да организира постдипломски студии. Вопоследните две години, кон оваа проблематика се при-стапи потемелно, и од страна на Работната група еизготвен Предлог-елаборат, кој беше разгледан одНаставно-научниот совет на Факултетот, а потоа наорганите и телата на Универзитетот. За овој проект,исто така, е добиена акредитација од Одборот за акре-дитација, и се очекува во учебната 2010/11 да започнереализацијата на вториот циклус студии.Исто така, Факултетот се вклучи и ги поддржа

целокупните активности на Универзитетот за нов при-од во организирањето на докторските студии. Заедносо наставно-научната студиска група по педагогија наФилозофскиот факултет, посебна комисија подолговреме работеше на изготвувањето на програмата зареализација на заеднички докторски студии. Проектотбеше разгледан на Факултетот и е усвоен од органитеи телата на Универзитетот.

Page 16: Univerzitetski vesnik br. 109

16 универзитетски весник - број 109

Други активности за развој на дејностана Факултетот

Со Правилникот за внатрешно организирање наФакултетот е предвидено формирање на неколку цен-три. Засега, посебна работна група е ангажирана за фор-мирање на Центар за перманентно образование. Во тојдел е изготвена Предлог-програма за стручно и профе-сионално усовршување на педагогијата на заедништвои методот Агаци. Потребно е да се направи посеопфат-на програма за работа на тој Центар. Исто така, изгот-вен е и Елаборат за педагошка доквалификација.

Студенти

Запишувањето на студентите на додипломскистудии се одвиваше во рамките на утврдената уписнаполитика на Универзитетот. Во трите уписни рока,интерес за запишување на Факултетот, во целина, про-јавија поголем број на кандидати, согласно со предви-дените места од Конкурсот. Кога станува збор за реали-зацијата на уписната политика, има некои специфич-ности на Педагошкиот факултет кои треба поопстојнода се согледуваат и да се разрешуваат.Општа е оцената дека е зголемен интересот од вра-

ботените во градинките за вонредно студирање за пред-училишно воспитание на нашиот Факултет. Во упис-ната политика треба да се води грижа за запишувањена поголем број вонредни студенти на предучилишновоспитание, бидејќи Скопје е град со многу предучи-лишни институции.Деканатската управа презеде одредени активности

за запишување на студенти во учебната 2010/11 година.Имено, и оваа година во рамките на Универзитетот,Педагошкиот факултет беше претставен на Денови наобразованието, при што е изготвен и флаер за библио-текарство. Исто така, наши студентки, кои се анга-жирани во граѓанското здружение СУМНАЛ, и деканотна Факултетот, пред група ученици-Роми од среднитеучилшта во Скопје, направија презентација на Факулте-тот и ги запознаа со можностите за студирање.Во овој едногодишен период е остварена значајна

соработка со Студентскиот парламент на нашиот Факул-тет. Имено, извршен е избор на нови членови во Нас-тавно-научниот совет, преземени се активности за по-успешно и поорганизирано изведување на испитите наФакултетот, а исто така е остварена соработка и со сту-дентскиот правобранител на Универзитетот „Св. Ки-рил и Методиј” во Скопје, при што беше организиранаи посебна средба со студентите од нашиот Факултет.Студентскиот парламент организираше трибини иоствари соработка со парламентите од другите факул-тети.Деканот и Деканатската управа посебно се анга-

жираа за издвојување на материјални средства за спорт-ските активности на студентите во Охрид. Остварена еи заедничка соработка со организацијата на Црвениоткрст околу дарувањето на крв на нашиот Факултет.

Научноистражувачка дејност

Научноистражувачката дејност, главно, се одвива-ше преку организирање на научни собири и реализа-ција на интерни истражувачки проекти. Со цел да се

проучува воспитно-образовниот систем, започна реа-лизацијата на 10 интерни истражувачки проекти. Делод наставно-научните кадри од Факултетот се вклучении во меѓународни проекти.

Научен собир на тема: „Образованието наБалканотденес“

Во текот на 2009 година, Педагошкиот факултет,заедно со педагошките факултети од Стара Загора, Р.Бугарија и Едрене, Турција, беше вклучен во подготов-ките на Петтиот интернационален балкански конгресна образованието. Покрај заедничкиот Подготвителенодбор, составен од претставници и од деканите на три-те факултети, на нашиот Факултет работеше посебенПодготвителен одбор кој, покрај другото, беше анга-жиран и за учеството на факултетите од соседнитедржави. Конгресот се одржа од 1 до 3 октомври 2009година, на Тракискиот универзитет во Едрене, Турци-ја. Учествуваа голем број на професори од балканскитедржави, како и претставници од други европски држа-ви. Од Р. Македонија зедоа учество педесетина научниработници, од кои најбројни беа професорите и аси-стентите од нашиот Факултет. Конгресот работеше напленарни седници и во секции. Еден дел од нашитеучесници беа ангажирани како модератори на поод-делни секции. Во Конгресниот центар на Тракискиотуниверзитет беше отворена изложба на уметничкислики, на која со свои дела се претставија професорите:Данчо Ордев, Решат Амети, доц. д-р Маја Рауник-Кирков и ас. м-р Бурхан Амети. Според договоренатасоработка, Шестиот конгрес треба да се одржи во 2011година во Р. Македонија.

Научен собир на тема: „Образование за хуманоопштество“

На 28 и 29 мај 2010 година, во Универзитетскиотконгресен центар во Охрид се одржа Петтиот наученсобир со меѓународно учество. Педагошкиот факултетдосега, на секои две години, организира по еден собир.Оваа година беше поставена поконкретна тема, којапредизвика голем интерес за учество на Собирот. При-јавени беа 150 соопштенија од професори и асистентиод Р. Македонија, Србија, Хрватска, Албанија, Турцијаи од Бугарија.Учесниците на Собирот беа поздравени од ректорот

на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, проф. д-р Ве-лимир Стојковски, кој оствари и посебна средба содеканите од повеќе факултети од земјата и од стран-ство.Воведно излагање поднесе деканот на Педагошкиот

факултет „Св. Климент Охридски”, проф. д-р ВладоТимовски. Работата на Собирот се одвиваше на пле-нарни седници и секции.Од работата на секциите беа поднесени извештаи

на втората пленарна седница, во кои се искажанисознанијата од поднесените соопштенија, дадена епозитивна оцена за Собирот и предложени се конкрет-ни заклучоци.Промовирани се и две нови изданија на Педагош-

киот факултет. Со тој ден на активности раководешепроф. д-р Мито Спасовски. Имено, проф. д-р БилјанаКамчевска го промовираше Зборникот на трудови однаучниот собир: „Да го вратиме воспитанието во учи-лиштето”, кој беше одржан заедно со Филозофскиот

Page 17: Univerzitetski vesnik br. 109

17универзитетски весник - број 109

факултет и со Домот на просветните работници. Проф.д-р Татајна Котева го промовираше првиот број насписанието „Педагошка ревија”, во кое се поместениседумнаесет трудови од наши и од автори од други др-жави. Списанието треба да излегува двапати во текотна годината.Презентиран е и проектот на Агенцијата за воспи-

тание и образование: „Реализација на хрватската ква-лификациска рамка и развој на компетенциите за до-животно учење на стручните работници во воспитно-образовните установи”. Во отсуство на Андреа Марце-тиќ, проектот го промовираше проф. д-р Розалина По-пова - Коскарова.Во рамките на Научниот собир, доц. д-р Маја

Рауник - Кирков отвори изложба на ликовни дела одпрофесорите: Данчо Ордев, Решат Амети, Запро Зап-ров, доц. д-р Маја Рауник-Кирков и ас. м-р БурханАмети.Во рамките на Научниот собир, седница одржа и

Балканската асоцијација на учителски и сродни факул-тети. Покрај тековните активности од работата наАсоцијацијата, со програмата е предвидено организи-рање на научен собир, а пристапница кон оваа Асо-цијација потпишаа Факултетот од Сомбор, Р.Србија,педагошките факултети од Штип и од Битола, а сеочекува кон оваа Асоцијација да се приклучи и Факул-тетот од Солун, Р. Грција.

Проблемскарасправа: „Потребитенапредучилишното воспитаниеи образование“

Во рамките на одбележувањето на патрониот праз-ник на Универзитетот „Св Кирил и Методиј”, Педагош-киот факултет „Св. Климент Охридски” и Научнотодруштво за образование и педагогија, на 19.5.2009година, организираа проблемска расправа за потре-бите на предучилишното воспитание и образование,на која учествуваа над четирисет директорки и воспи-тувачки од градинките во Скопје и од други градови.Воведни излагање поднесоа проф. д-р Татјана Котева-Мојсовска и проф. д-р Ѓулумсере Касапи, а со воведнидискусии учествуваа проф. д-р Билјана Камчевска ипроф. д-р Сузана Банчотовска. Оваа активност ќе сеодвива и следната година и ќе биде посветена на основ-ното воспитание и образование.

Проект „Образование задецаРомии обука заиднинаставници“

Проектот се реализира од страна на Здружениетона граѓани СУМНАЛ. Вклучени се студенти од нашиотФакултет (13) и од Филозофскиот факултет, кои во фор-ма на педагошка практика работат со деца кои имаатпослаб успех во училиштата.

Меѓународна соработка

Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“продолжи да соработува со високошколски институцииод соседните држави, при што, како што спомнавме, еорганизиран Научниот собир во Едрене, Р. Турција,потоа, активно соработувавме со Балканската асоција-ција на педагошки и сродни факултети, и е органи-зирана Расправа за мултикултурното образование, воИспарта, Р. Турција. Поголем број на наши професори

учествуваа на научни и стручни расправи во соседнитедржави.Може да се рече дека е создадена солидна основа за

уште побогата соработка со високообразовните инсти-туции во соседните држави и пошироко.

Издавачка дејност

Во овој период се објавени информаторите за сту-дентите на групите предучилишно воспитание и одде-ленска настава, според ЕКТ-системот, објавен е Збор-никот на трудови „Реафирмација на воспитната функ-ција на училиштето”, заедно со Домот на просветнитеработници и Филозофскиот факултет.Исто така, објавен е првиот број на списанието

„Педагошка ревија”. Во тек е подготовката на уштенеколку публикации.

Библиотека

Библиотеката на Факултетот располага со богаткнижевен фонд.Во овој период продолжи внесувањето на книжниот

фонд во електронска форма, и тоа со сите потребниподатоци. Се пристапи кон компјутерско зачленувањена вработените и на студентите.Оваа година се купени 122 нови книги и се подаре-

ни вкупно 710 книги.Во рамките на Библиотеката, од донирани книги,

во тек е формирање на катче за ромски јазик и култу-ра.

Медијатека

На Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски”во Скопје, како современа, модерна и комплетно опре-мена просторија, за потребите на студентите, настав-ниот кадар и другите вработени, функционира Медија-теката.Медијатеката, како студентски сервис, има за цел

да им овозможи на студентите, од сите наставни групии јазици, соодветен простор и услови за непреченокористење на информациско-комуникациска техноло-гија, т.е. компјутери, интернет, скенери, фотокопир истручна литература, а сè со цел за успешно завршувањена обврските, како што се: семинарски работи, домаш-ни задачи, проектни активности, подготовка на пре-зентации, есеи и др.Во изминатиов период е зголемена посетеноста на

Медијатеката од страна на студентите, како и корис-тењето на аудиовизуелните средства, на дигиталнитевидеокамери, на цифровата фотокамера, на видеопро-ектори и други помагала кои се потребни и се неопход-ни за реализирање на предавања од страна на настав-ниците, за средби, симпозиуми, конференции, одбранана дипломски работи, советувања и научни собири.Студентите сè помасовно ја користат Медијатеката

и како читална, со што им се овозможува користење насоодветен простор за реализирање и успешно завршу-вање на своите активности, а кои се во склоп на нивно-то студирање. Зголемена е и потребата од користењена различна литература, како и потребата од користе-ње на компјутерскиот дел што е потребен за реализи-рање на образовните потреби на студентите.

Page 18: Univerzitetski vesnik br. 109

18 универзитетски весник - број 109

Детска градинка „Бисери”

Веќе трета година, во состав на Педагошкиотфакултет „Св. Климент Охридски” во Скопје, како про-ект работи Детската градинка „Бисери”. Градинката јапосетуваат две групи на деца (51), една на македонски,а друга на албански мајчин јазик.Воспитно-образовната програма се темели врз

„Основи на програмата за воспитно-образовна работасо деца од предучилишна возраст во јавните детскиградинки” (документ издаден од Министерството затруд и социјална политика – Биро за развој на образо-ванието), а во реализацијата се користат педагошкитепринципи на педагогијата на заедништво и методотАгаци. Освен својата воспитно-образовна функција,градинката служи и како лабораторија за истражувањеи за практична обука на студентите. Продолжува сореализацијата на Програмата за практична настава настудентите, со која оваа година беа опфатени 45студенти. Повеќе студенти имаа консултации за семи-нарски задачи, реализирани се и две дипломски рабо-ти, а сѐ повеќе се вклучуваат професорите и асистен-тите на Факултетот, особено на подрачејето на педаго-гијата, психологијата, физичкото, музичкото и ликов-ното образование.Убаво е што и другите институции ја препознаваат

вредноста на овој проект. Така, Италијанската амбаса-да во Република Македонија донираше средства за уре-дување на надворешното игралиште. Општина Кар-пош – Месната заедница „Владо Тасевски” самоиници-јативно презеде акција за осветлување на отворениотпростор на градинката, како и за уредување на околи-ната.Во овој период, поради важноста на овој проект, се

забрзани активностите за пронаоѓање на соодветентраен статус на градинката. Паралелно, Министерство-то за труд и социјална политика формира Комисија зарегистрација на градинката, според новите законскипрописи.

Материјално-финансиско работење

Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски”подолг временски период, за потребите на наставата,издвојува средства за опрема. Поголемиот дел од про-сториите се модерно опремени и може да се држисовремена настава. Континуирано, во зависност одпотребите и побарувањата на наставниците, се обезбе-дуваат компјутери и други технички средства. Може дасе рече дека тоа е постојана грижа, која ќе продолжи инатаму со набавка на нова опрема.Материјално-финансиската состојба на Факултетот

може да се оцени како поволна. Тоа се должи на досе-гашниот број на запишани студенти, но веќе е факт де-ка со намалувањето на бројот на студентите кои требада се запишат, постепено ќе се намалуваат финансис-ките приходи на Факултетот, што посебно ќе се одразина условите за работа, бидејќи голем дел од средстваташто досега се прибираа од државната квота и од кофи-нансирањето се трошеа за набавка на техничка опрема,внатрешно одржување на зградата, купување на книги,распишување и реализација на одделни тендери. По-требно е заедно со другите факултети, кои го користатпросторот, да се поведе постапка за обезбедувањесредства за целосно реновирање на зградата.

П о покана на националната секција на CIOFF -Италија, од 24 до 30 август 2010 година, фолк-

лорниот ансамбл при АКУД „Мирче Ацев“ зеде учес-тво на фестивалoт „Castellobattisti“ во Гориција, Итали-ја.На фестивалот зедоа учество повеќе фолклорни

ансамбли од различни земји од светот, на пример:„Xochipilli - Macvilxo chitl“ - Мексико; „Elbrns“ -Karachaevo - cherkessia, „Bafra“ - Chile; Ritmos y raicespanamenas - Панама; „Gehem“ - Турција; A spigna

В о работата на Архитектонската студентскаработилница учество земаа 26 студенти од Ар-

хитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Ки-рил и Методиј“ во Скопје, кои изработија девет про-екти поделени во три тематски групи:

• Традиционалната куќа - стратегии на обнова(3 проекти);

• Градот и јавниот простор - плоштад „НиколаМартиноски“ (4 проекти);

• Меморијата и јавниот простор - меморијаленцентар „Мечкин камен“ (2 проекта).

Комисијата за оцена на проектите, во состав: г. Ва-силчо Дамчески, градоначалник на Крушево, д-р Ми-нас Бакалчев, професор и д-р Огнен Марина, доцент наАрхитектонскиот факултет во Скопје, на состанокотодржан на 15 јули 2010 година во просториите на

Архитектонскиот факултет во Скопје, ги разгледаизработените проекти и едногласно донесе одлука задоделување прва, втора и трета награда.Првата награда во износ од 18.000,00 денари е

доделена на студентите Николче Арсов, ПаолинаМилушева и Сања Тасева за проектот Плоштадот„Никола Мартиноски“.

АРХИТЕКТОНСКА СТУДЕНТСКА РАБОТИЛНИЦА НА ТЕМА: КРУШЕВО - АРХИТЕКТУРА, ТРАДИЦИЈА, МЕМОРИЈА

45. МЕЃУНАРОДЕН ФОЛКЛОРЕН ФЕСТИВАЛ„CASTELLOBATTISTI“ ВО ГОРИЦИЈА -ИТАЛИЈА

Пишува: Благоја Јованоски

Page 19: Univerzitetski vesnik br. 109

19универзитетски весник - број 109

Втората награда во износод 15.000,00 денари е до-делена на студентите Бор-јана Србиновска и ЕзеркаСтрезовска за проектот Тра-диционалната куќа -стратегии на обнова.Третата награда во износ

од 13.000,00 денари е доде-лена на студентите МоникаНовковиќ, Мила Димитров-ска, Гордан Витевски и Вла-до Данаилов за проектотКуќа-долап.Покрај работниот дел на

оваа студентска работилни-

rossa - Italia, „Matija Gubec“ - Хрватска, АКУД „МирчеАцев“ Македонија; „Stadmusif lienz“ - Австрија;„Leseni rogisti“ - Словенија.Во програмата беа опфатени настапи од 20 до 40

минути програма. Фолклорниот ансамбл при АКУД„Мирче Ацев“, кој работи во рамките на Универзитетот„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, за овој фестивалнастапи со следнава програма: сплет игри Калајџиско,Долна Преспа, Повардарие, Источна Македонија, Тре-сеница, Беломорски сплет игри, Осоговка и Жетварка.Настапите беа на отворена сцена на плоштадот во

Гориција,Удине, Лучи-ни, а натпре-варувачкиотдел се одви-ваше во теа-тарот во Го-риција.Посетено-

ста на кон-цертите седвижеше од3.000 до4.000 на пло-штадите, а вотеатарот до1.200 посети-тели.За време

на престојотбеше органи-зиран и 36.Конгрес наCIOFF - Ита-

лија, на кој, покрај претставници од Италија, учеству-ваа и сите претставници од земјите - учеснички нафестивалот.Фестивалот имаше меѓународно стручно жири со-

ставено од истакнати личности од областа на фолк-лорот, и тоа: Масимилијано Марнгон - претседател,Италија, Анте Цукров, Хрватска, проф. Бруно Рав-никар, Словенија, проф. Петер Сухадолц, Италија иМагдалена Товорник, Словенија.На 29 август, по дефилето на улиците во Гориција,

стручното жири му додели нa АКУД „Мирче Ацев“прво место за техничка изведба на кореографиитеи оскарот на фестивалот за целокупната изведбана програмата, носиите и оркестарот.

АРХИТЕКТОНСКА СТУДЕНТСКА РАБОТИЛНИЦА НА ТЕМА: КРУШЕВО - АРХИТЕКТУРА, ТРАДИЦИЈА, МЕМОРИЈА

ца, на 18 јуни о.г. беше реализирана и студиска посетана Крушево. Посетата беше во соработка со локалнатасамоуправа - градоначалникот на Крушево, Архи-тектонскиот факултет и Ректоратот на нашиотУниверзитет.На 17 јули, во Домот на културата во Крушево беше

отворена изложба на студентските трудови и беа

свечено доделени наградите на студентите од странана ректорот проф. д-р Велимир Стојковски и градо-началникот на Крушево, во присуство на претставницина локалната самоуправа, деканот на Архитектонскиотфакултет, проф. д-р Тихомир Стојков, студенти и на-ставници на Архитектонскиот факултет, како и граѓанина Крушево.

Page 20: Univerzitetski vesnik br. 109

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“бул. Крсте Мисирков б.б., 1 000 Скопје, Македонија

� : +389 2 3 293 293 � : +389 2 3 293 202

� : [email protected] �: www.ukim.edu.mk