univerzitetski vesnik br. 123

28
univerzitetski vesnik Издание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Број 123, октомври 2011 У У Н Н И И В В Е Е Р Р З З И И Т Т Е Е Т Т С С К К И И О О Т Т С С Е Е Н Н А А Т Т Г Г О О У У С С В В О О И И И И З З В В Е Е Ш Ш Т Т А А Ј Ј О О Т Т Н Н А А Р Р Е Е К К Т Т О О Р Р О О Т Т З З А А Р Р А А Б Б О О Т Т А А Т Т А А Н Н А А У У К К И И М М 1.10.2010 - 30.9.2011

Upload: goce-gjorgjijoski

Post on 24-Mar-2016

252 views

Category:

Documents


8 download

DESCRIPTION

Универзитетски весник број 123, издание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Република Македонија.

TRANSCRIPT

Page 1: Univerzitetski vesnik br. 123

univerzitetskivesnikИздание на Универзитетот „Св. Кирил иМетодиј“ во Скопје Број 123, октомври 2011

УУННИИВВЕЕРРЗЗИИТТЕЕТТССККИИООТТ ССЕЕННААТТ ГГОО УУССВВООИИИИЗЗВВЕЕШШТТААЈЈООТТ ННАА РРЕЕККТТООРРООТТЗЗАА РРААББООТТААТТАА ННАА УУККИИММ11..1100..22001100 -- 3300..99..22001111

Page 2: Univerzitetski vesnik br. 123

универзитетски весник - број 1 23

универзитетски

весник

Главен и одговорен уредник

ППрроофф.. дд--рр ВВееллииммииррССттоојјккооввссккии

Заменик главен и одговорен уредник

ММ--рр ИИллиијјаа ППииппееррккооссккии

Постојани соработнициККооссттааддииннаа ММооккррооввааББииљљааннаа ФФооттииннооввссккааММ--рр ММаарриијјаа ЦЦееннееввссккааТТооммииссллаавв ББаашшееввссккии

ЛекторВВеессннаа ИИ.. ЦЦввееттааннооввссккаа

Техничко уредувањеГГоорраанн ММууррааттооввссккии

Г радежниот факултет е

најстар технички факул-

тет во Р. Македонија и еден од

неколкуте факултети кои го

формираа Универзитетот „Св.

Кирил и Методиј“ во 1949 година.

Бидејќи пред 62 години, на 6

октомври 1949 година започна

наставата на тогашниот Тех-

нички факултет со два оддела,

Градежен и Архитектонски при

Универзитетот „Св. Кирил и Ме-

тодиј“ во Скопје, овој датум се

одбележува традиционално и ка-

ко ден на Градежниот факултет.

Оваа година, покрај одбележува-

њето на 62 години од почетокот

на својата работа, Факултетот

имаше и неколку посебни поводи

за прославување.

Имено, оваа година е особено

зголемен интересот за сту-

дирање на студиите за градеж-

ништво, геотехника и геодезија,

при што се запишани 252 нови

студенти, што е за околу 3 пати

повеќе во споредба со пред 4

години.

Исто така, почетокот на

академската година се совпадна

и со добивањето на две нови

ССВВЕЕЧЧЕЕННОО ООДДББEEЛЛЕЕЖЖААНН ДДЕЕННООТТ ННААГГРРААДДЕЕЖЖННИИООТТ ФФААККУУЛЛТТЕЕТТ

Дел од опремата во Лабораторијата за санитарна

Page 3: Univerzitetski vesnik br. 123

3универзитетски весник - број 1 23

лаборатории како донација од

страна на Владата на Република

Македонија, и тоа лаборатории-

те за санитарна хидротехника и

за геотехника.

Свеченоста особено ја збога-

тија со своето присуство минис-

трите во Владата на Република

Македонија, г. Панче Кралев,

министер за образование и

наука, како и министерот за жи-

вотна средина и просторно пла-

нирање, г. Абдулаќим Адеми. Од

страна на Универзитетот „Св.

Кирил и Методиј“ беа присутни

ректорот, проф. д-р Велимир

Стојковски, како и проректо-

рите за наука и меѓународна

соработка. Покрај нив, беа при-

сутни голем број донатори во

Фондацијата за стипендирање,

директори на јавни претприја-

тија, претставници на град

Скопје и други истакнати гости.

Факултетот, на овој ден, осо-

бено ја истакнува традиционал-

ната соработка со градежните

компании, посебно поради посто-

ењето на Фондацијата за сти-

пендирање на најдобрите сту-

денти повеќе од 8 години.

Покрај другото, на 6.10.2011

година, свечено беа доделени и

сертификати за 24 студенти

кои ги исполнуваат строгите

критериуми за стипендирање.

Доделена е и награда за нај-

добра дипломска работа од об-

ласта на челичните конструк-

ции од страна на фирмата АД

ФАКОМ од Скопје.

Во целокупниот пeриод на деј-

ствување, Градежниот факул-

тет претставува центар за

развој на научната мисла и прак-

тика и долго време, единствена

високообразовна установа за

едукација на кадри кај нас од об-

ласта на градежништвото, гео-

дезијата и геотехниката.

Факултетот посебно се гор-

дее со своите бројни дипломира-

ни инженери, магистри и докто-

ри на наука, кои со својата

стручност се респектирани кај

нас и надвор од нашата земја.

Голем дел од нив направија ус-

пешна кариера во многу земји од

светот, во градежниот бизнис и

како професори на светски поз-

нати универзитети.

Со гордост може да се каже

дека експертите од Факулте-

тот, како проектанти, реви-

денти, надзорни органи или кон-

султанти, учествувале во град-

бата на практично сите капи-

тални објекти во нашата земја.

Дел од опремата во Лабораторијата за геотехника

Page 4: Univerzitetski vesnik br. 123

4 универзитетски весник - број 1 23

ВВОО ССВВЕЕЧЧЕЕННАА ААТТММООССФФЕЕРРАА ИИ ННАА ТТРРААДДИИЦЦИИООННААЛЛЕЕНН ННААЧЧИИНН,, ННАА 2277 ИИ 2288 ООККТТООММВВРРИИ

22001111 ГГООДДИИННАА,, ВВОО РРЕЕККТТООРРААТТООТТ ННАА УУННИИВВЕЕРРЗЗИИТТЕЕТТООТТ „„ССВВ.. ККИИРРИИЛЛ ИИ ММЕЕТТООДДИИЈЈ““ ВВОО

ССККООППЈЈЕЕ ББЕЕАА ООДДРРЖЖААННИИ ДДВВЕЕ ППРРООММООЦЦИИИИ,, ННАА ККООИИ РРЕЕККТТООРРООТТ ННАА УУННИИВВЕЕРРЗЗИИТТЕЕТТООТТ„„ССВВ.. ККИИРРИИЛЛ ИИ ММЕЕТТООДДИИЈЈ““ ВВОО ССККООППЈЈЕЕ,, ППРРООФФ.. ДД--РР ВВЕЕЛЛИИММИИРР ССТТООЈЈККООВВССККИИ,,

ППРРООММООВВИИРРААШШЕЕ 3311 ДДООККТТООРР ННАА ННААУУККИИ..

Промоција одржана на 27 октомври 2011 година

Татјана Џокиќ, на 28 декември 2010 го­дина, на Правниот факултет „Јустинијан Пр­ви“, ја одбрани докторската дисертација натема: Стратегиски менаџмент на човеч­ките ресурси во државната администра­ција – услов за нејзина реформа.Гоце Галев, на 10 јули 2009 година, наПравниот факултет „Јустинијан Први“, ја од­брани докторската дисертација на тема:Правни инструменти на слободнатаконкуренција на пазарот во Европскатаунија и во Република Македонија.Андреј Вебле, на 30 ноември 2010 година,на Правниот факултет „Јустинијан Први“, јаодбрани докторската дисертација на тема:Доказни ефекти на нотарските исправиво правниот промет помеѓу Република

Словенија и РепубликаМакедонија ­ спо­редбеноправна студија.Каролина Ристова Астеруд, на 22 де­кември 2010 година, на Правниот факултет„Јустинијан Први“, ја одбрани докторскатадисертација на тема: Националните пар­ламенти и прашањата за суверените­тот и демократијата во полисот на Ев­ропската унија.Бранко Блажевски, на 7 јуни 2011 годи­на, на Медицинскиот факултет, ја одбранидокторската дисертација на тема: Значење­то на видот на лумбалната дискус хер­нија и оперативниот третман врз пре­дикторните фактори на функционални­от исход.

Page 5: Univerzitetski vesnik br. 123

5универзитетски весник - број 1 23

Бранкица Младеновиќ, на 8 јуни 2011година, на Медицинскиот факултет, ја одбра­ни докторската дисертација на тема: Вли­јанието на психосоцијалните детерми­нанти врз сексуалното однесување наадолесцентите во Р. Македонија.Арбен Таравари, на 13 јуни 2011 година,на Медицинскиот факултет, ја одбрани док­торската дисертација на тема: Клинички игенетски наоди кај болни со идиопатскаПаркинсова болест.Дејан Спасов, на 15 септември 2010 годи­на, на Природно­математичкиот факултет, јаодбрани докторската дисертација на тема:Прилог кон некои особини на добрите ко­дови.Весна Димитрова, на 11 ноември 2010година, на Природно­математичкиот факул­тет, ја одбрани докторската дисертација натема: Квазигрупно процесирани низи, нив­на Булова презентација и примена вокриптографијата и кодирањето.Даворин Трпески, на 15 ноември 2010година, на Природно­математичкиот факул­тет, ја одбрани докторската дисертација натема: Креирањето на културната поли­

тика во процесот на заштита на кул­турното наследство во Република Маке­донија во периодот од 1991 до 2007 година.Јасмина Меческа­Јовчевска, на 9 но­ември 2010 година, на Природно­матема­тичкиот факултет, ја одбрани докторскатадисертација на тема: Компаративнастудија на биохемиските маркери накоскен метаболизам кај постменопаузнижени со примарна остеопороза: ефектиод бисфосфонатнататерапија.Лидија Ковачева, на 28 март 2011 годи­на, на Филозофскиот факултет, ја одбранидокторската дисертација на тема: Обредна­та симболика во антиката и во македон­ската народна традиција.Бошко Караџов, на 29 март 2011 година,на Филозофскиот факултет, ја одбрани док­торската дисертација на тема: Парадокситена индуктивната логика.Марија Дракуловска­Чукалевска, на26 април 2011 година, на Филозофскиот фа­култет, ја одбрани докторската дисертацијана тема: Односот на глобалното и локал­ното во културата: случајот на Репуб­лика Македонија.

Page 6: Univerzitetski vesnik br. 123

6 универзитетски весник - број 1 23

Промоција одржана на 28 октомври 2011 година

Христина Јовановска, на 3 мај 2011 го­дина, на Филозофскиот факултет, ја одбранидокторската дисертација на тема: Модели надиференцирана настава – потреби, мож­ности и ефекти.Сашо Георгиевски, на 6 мај 2011 година,на Филозофскиот факултет, ја одбрани док­торската дисертација на тема: Човекот какорелигиозно суштество (филозофско­хрис­тијанска перспектива).Боро Јакимовски, на 19 ноември 2010година, на Природно­математичкиот факул­тет, ја одбрани докторската дисертација натема: Моделирање и верификација на гридпроцесни текови.Александар Ѓурчиноски, на 15 јуни2011 година, на Природно­математичкиотфакултет, ја одбрани докторската дисертаци­ја на тема: Фидбек контрола со временскозадоцнување кај хаотични динамичкисистеми.Елизабета Велјаноска­Сарафило­ска, на 15 јуни 2011 година, на Природно­

математичкиот факултет, ја одбрани доктор­ската дисертација на тема: Хроматограф­ски истражувања на органохлорни пес­тициди во водата и седиментите наОхридското, Преспанското и Дојранско­то езеро.Билјана Герасимовска­Китановска,на 20 јуни 2011 година, на Медицинскиотфакултет, ја одбрани докторскатадисертација на тема: Интегриранпрогностички модел, прогностички скори предикција на индивидуален ризик занастанок на прееклампсија.Роза Крстеска, на 28 јуни 2011 година, наМедицинскиот факултет, ја одбрани доктор­ската дисертација на тема: Ризик­факториза појава на депресија во постараживот­на возраст.Ристо Чоланчески, на 29 јуни 2011 го­дина, на Медицинскиот факултет, ја одбранидокторската дисертација на тема: Проценкана вредностите на одделни хируршки за­фати во лекувањето на фибрино­пуру­лентниот стадиум на плевралниот ем­пием.

Page 7: Univerzitetski vesnik br. 123

7универзитетски весник - број 1 23

Вероника Ефремова, на 25 јануари 2011година, на Правниот факултет „ЈустинијанПрви“, ја одбрани докторската дисертацијана тема: Комплементарност на конку­рентското и потрошувачкото право иполитики во интеграцијата на земјитеод Југоисточна Европа во Европскатаунија со посебен осврт на РепубликаМа­кедонија.Дејан Витански, на 22 јуни 2011 година,на Правниот факултет „Јустинијан Први“, јаодбрани докторската дисертација на тема:Начелото на сервисна ориентација на др­жавната администрација.Игор Камбовски, на 13 октомври 2009година, на Правниот факултет „ЈустинијанПрви“, ја одбрани докторската дисертацијана тема: Електронска трговија и елек­тронски договор.АгимМамути, на 11 април 2011 година, наЕкономскиот факултет, ја одбрани доктор­ската дисертација на тема: Единственатамонетарна политика на Европската уни­ја и нејзината имплементација.Владо Поповски, на 14 април 2011 го­дина, на Економскиот факултет, ја одбранидокторската дисертација на тема: Раководе­ње со девизниот ризик кај комерцијални­те банки.

Фросина Гечева­Кочова, на 15 април2011 година, на Економскиот факултет, јаодбрани докторската дисертација на тема:Управување со синџирите за снабдување,конкурентноста и стратегијата напретпријатијата во услови на глобали­зација.Оливер Давитковски, на 17 мај 2011 го­дина, на Економскиот факултет, ја одбранидокторската дисертација на тема: Перфор­манси на кредитните портфолија на ко­мерцијалните банки во ЈугоисточнаЕвропа – компаративна анализа со Р. Ма­кедонија.Анастас Џуровски, на 16 јуни 2011 годи­на, на Економскиот факултет, ја одбранидокторската дисертација на тема: Вреднува­њето на банките и регулативнитеаспекти на преземањето на банки соосврт на Европската унија.Игор Лазарев, на 15 април 2011 година,на Машинскиот факултет, ја одбрани док­торската дисертација на тема: Развој и при­мена на композитните материјали сометална матрица зајакната со различнизајакнувачи за производство на алати заобработка со деформација.

Page 8: Univerzitetski vesnik br. 123

8 универзитетски весник - број 1 23

ТТИИТТУУЛЛААТТАА ППООЧЧ ЕЕ СС ЕЕНН ДДООККТТООРР ЗЗААППРРООФФ.. ДД -- РР ГГООРРААНН ККААЛЛООЃЃЕЕ РРАА

115544.. ссееддннииццаа ннаа РРееккттооррссккааттаа ууппрраавваа

Ректорската управа на Универзитетот „Св. Кирили Методиј“ во Скопје, на седницата одржана на21 октомври 2011 година, разгледа повеќе прашања одделокругот на своите надлежности. Притоа, ги утврдиследниве предлог­проекти, и тоа: за воведување сту­диска програма од трет циклус ­ докторски студии покомпјутерски науки и инженерство (предлагач и орга­низатор: Факултет за информатички науки и компју­терско инженерство во Скопје); за промена на предла­гачот и организатор на студиската програма од третциклус ­ докторски студии по информатика; за воведу­вање студиска програма од втор циклус ­ постдиплом­ски студии од областа на културата во ерата на кибер­нетиката на Институтот за социолошки и политичко­правни истражувања во Скопје и за воведување студис­ка програма од втор циклус по интердисциплинарназаедничка мастер програма за југоисточни европскистудии на Правниот факултет „Јустинијан Први“ воСкопје.Исто така, Ректорската управа ја утврди Предлог­одлуката за дополнување на Одлуката за потврдувањена изборот на раководители на студиски програми затрет циклус ­ докторски студии, а го прифати Извешта­јот за запишувањето студенти на прв циклус студии настудиските програми на Универзитетот „Св. Кирил иМетодиј“ во Скопје во академската 2011/2012.Ректорската управа усвои позитивно мислење за до­делување на титулата почесен доктор (doctor honoriscausa) од областа на филолошките науки на Универзи­тетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје на проф. д­р Го­ран Калоѓера, од Универзитетот во Риека, РепубликаХрватска.Ректорската управа го утврди Предлог­правилникотза изменување и дополнување на Правилникот заначинот на распределба на средствата за информатив­ни, информатички, културни, спортски и други актив­ности на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ воСкопје, со тоа што се намалува процентот за Студент­ското радио од 25 на 20%, а кај другите активности сезголемува од 15 на 20%.Истовремено, Ректорската управа донесе Одлука заизменување и дополнување на Одлуката за давањесогласност на лица избрани во наставно­научни звањана Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ за вршењевисокообразовна дејност на други високообразовниустанови, а донесе и одлуки за давање согласност налица избрани во наставно­научни звања на Универзи­тетот „Св. Кирил и Методиј“ за вршењевисокообразовна дејност на други јавни универзитети,и тоа за: Природно­математичкиот факултет,Факултетот за ветеринарна медицина, Факултетот задрамски уметности, Факултетот за музичка уметност,Филозофскиот факултет, Филолошкиот факултет„Блаже Конески“ и Институтот за сточарство, како иодлуки за давање одобрение за изведување настава одстрана на стручњаци од практиката, и тоа за:Филолошкиот факултет „Блаже Конески“,Медицинскиот факултет и за Машинскиот факултет.

Во рамките на процесите за инте-грирано дејствување и функцио-нирање на Универзитетот „Св. Ки-рил и Методиј“ во Скопје, усогла-

сени со Законот за високото обра-зование и Статутот на Универзи-

тетот, во Универзитетски весник гипретставуваме раководните органина единиците и придружните член-ки на Универзитетот. Во зависност

од обемноста на содржините иактуелните настани, во секој бројобјавуваме биографски податоци

на еден или повеќе декани нафакултети, односно директори на

научни институти.

Во овој број ги претставувамеППРРООФФ.. ДД--РР ММИИЛЛООРРААДД ЈЈООВВААННООВВССККИИ и

ППРРООФФ.. ДД--РР ДДИИММИИТТААРР ТТРРААЈЈААННООВВ.

Проф. д-р Ми-лорад Јовановски,дипл.инж.геолог,професор на Ка-тедрата за гео-

техника при Гра-дежниот факул-тет во Скопје, е

роден на 18.11.1963год. во Битола,

Р. Македонија. Дип-ломирал на Рудар-ско-геолошкиотфакултет во

Штип, во 1988 год.Во 1988 год. е избран во звањето помлад асис-тент. Учествувал во изведувањето на веж-бите по предметите: инженерска геологија и

механика на карпи на Градежниот факултети инженерска геологија и хидрогеологија приРударско-геолошкиот факултет во Штип.

Магистрирал во 1993 год. при Рударско-геолошкиот факултет во Белград, поране-

Curriculum VitaeПроф. д­р Милорад Јовановски,декан на Градежниот факултет

Page 9: Univerzitetski vesnik br. 123

9универзитетски весник - број 1 23

У ниверзитетскиот сенат на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј” во Скопје, на 31.10.2011 го­дина, ја одржа 37. седница, на која беа разгледанипрашања од делокругот на неговата надлежност.Притоа, Универзитетскиот сенат ја одложи верифи­кацијата на мандатот на член на Универзитетскиотсенат од Факултетот за физичка култура во Скопје.Ректорот на Универзитетот, д­р Велимир Стој­ковски, во своето излагање даде сублимиранизвештај за работата на Универзитетот „Св. Кирил иМетодиј“ во Скопје за периодот 1 октомври 2010 ­ 30септември 2011 година, осврнувајќи се притоа наглавните пунктови на дејствување во делот нанормативното уредување на Универзитетот,наставно­образовната дејност, науката, финансиите,инвестициите и развојот, меѓународната соработка,фондациите и Меѓународниот семинар замакедонски јазик, литература и култура. Притоа,Универзитетскиот сенат го усвои Извештајот наректорот проф. д­р Велимир Стојковски за работатана Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопјеза периодот 1 октомври 2010 ­ 30 септември 2011година.Универзитетскиот сенат ги усвои Годишниот из­вештај за работата на Студентскиот парламент запериодот од 15.9.2010 до 15.9.2011 година иИзвештајот за работата на студентскиот правобра­нител на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ воСкопје за периодот од 15.9.2010 до 15.9.2011 година.Универзитетскиот сенат го усвои Проектот за во­ведување студиска програма од трет циклус ­ док­торски студии по компјутерски науки и инженерство(предлагач и организатор: Факултет за информатич­ки науки и компјутерско инженерство во Скопје), адонесе и Одлука за промена на предлагачот иорганизатор на студиската програма од трет циклус­ докторски студии по информатика.

Универзитетскиот сенат ги усвои проектите: завоведување студиска програма од втор циклус ­постдипломски студии по културата во ерата накибернетиката на Институтот за социолошки иполитичко­правни истражувања во Скопје и завоведување студиска програма од втор циклус поинтердисциплинарна заедничка програма зајугоисточни европски студии на Правниот факултет„Јустинијан Први“ во Скопје.Универзитетскиот сенат донесе Одлука за доде­лување на титулата почесен доктор (doctor honoriscausa) од областа на филолошките науки на Универ­зитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на проф. д­р Горан Калоѓера, од Универзитетот во Риека, Ре­публика Хрватска, даде согласност на Правилникотза дополнување на Правилникот за внатрешните од­носи и работењето на Природно­математичкиот фа­култет во Скопје и донесе Правилник за изменувањеи дополнување на Правилникот за начинот на рас­пределба на средствата за информативни, информа­тички, културни, спортски и други активности наУниверзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.Универзитетскиот сенат донесе одлуки за изборво звањето редовен професор, и тоа за: на д­рРадмил Поленаковиќ, вонреден професор наМашинскиот факултет во Скопје, д­р СлободанкаМарковска, вонреден професор на Филозофскиотфакултет во Скопје и за д­р Зора Јачова, вонреденпрофесор на Филозофскиот факултет во Скопје.Универзитетскиот сенат донесе Одлука за потвр­дување на изборот на д­р Климе Белески, вонреденпрофесор, за директор на Земјоделскиот институт воСкопје, во мандатниот период од 31.10.2011 заклучносо 30.10.2015 година.

УУСС ВВООЕЕНН ИИЗЗВВЕЕШШТТАА ЈЈООТТ ННАА РРЕЕККТТООРРООТТ ЗЗАА РРААББООТТААТТААООДД 11 .. 11 00 .. 22 00 11 00 ДДОО 33 00 .. 99 .. 22 00 11 11 ГГООДДИИННАА

3377.. ссееддннииццаа ннаа УУннииввееррззииттееттссккииоотт ссееннаатт

шна Југославија. Во текот на 1994 година е из-бран во звањето асистент. Во 2001 год. ја одбра-нил докторската теза и се стекнла со наученстепен - доктор на технички науки. Во 2002 год.е избран во звањето доцент на истата Катедраи од изборот до денес држи предавања по пред-метите: инженерска геологија, механика на кар-пи, општа геологија, применета хидрогеологија,геотехнички истражувања и др. на I циклусстудии по градежништво и геотехника. На IIциклус студии по градежништво и геотехникадржи предавања по предметите: свлечишта истабилност на косини, проценка на ризици вогеотехника, подобрување на карпи и др.

Одржувал дел од предавањата по предме-тот основи на фундирање и инженерска геоло-гија при Воената академија во Скопје.

Резултатите од научноистражувачкатаработа, претежно од областа на геотехникатакако негова потесна област на работа, ги обја-вува во над 110 труда, публикувани во домашнии меѓународни научни списанија, зборници, сим-позиуми и конференции одржани во Македонијаи во странство.

Автор е на трудови со фактор на влијание ие еден од тројцата први акредитирани менто-ри за трет циклус на студии врз основа на коиОдборот за акредитација ја акредитира сту-диската програма по градежништво.

Учествувал во 3 научноистражувачки про-екти. Апликативната дејност ја реализира соизработени над 400 стручни труда.

Page 10: Univerzitetski vesnik br. 123

10 универзитетски весник - број 1 23

Учествувал во комисии за изработка, оценкаили одбрана на голем број на магистерски и док-торски тези при Градежниот факултет воСкопје, Рударско-геолошкиот факултет воШтип и на Универзитетот во Париз – Франција.

Од издавачката дејност работел на след-ниве учебни помагала:[1] еден е од авторите на универзитетскиот

учебник по предметот општа геологија,2007;

[2] автор е на книгата „Инженерска геологија“,2011 (во фаза на рецензирање);

[3] печатени авторизирани предавања по пред-метот механика на карпи, 2006;

[4] печатени авторизирани предавања по пред-метот применета хидрогеологија, 2008;

[5] печатени авторизирани предавања по пред-метот подобрување на карпи, 2008;

[6] печатени авторизирани предавања по пред-метот геотехнички истражувања, 2008;

[7] Popovska, C., Jovanovski, M., (2009): EleventhInternational Symposium on Water Manage-ment and Hydraulic Engineering (Proceedings).Publisher: Faculty ofCivil Engineering-Skopje.ISBN978-9989-2469-7-5 (htpp://wmhe.gf.ukim.edu.mk);

[8] печатени авторизирани предавања на анг-лиски јазик по предметот механика напочви (Soil Mechanics) на интердисциплинар-ните студии по инженерство за животнасредина во склоп на проектот DEREC со Уни-верзитетот од Фиренца - Италија.

Членство и функции во научни и стручниинституции и организации:[1] раководител на Катедрата за геотехника

во периодот од 2002 до 2006 година;[2] продекан за финансии на Градежниот фа-

култет во Скопје во периодот од 2007 до2011 година;

[3] заменик-претседател на Друштвото за гео-техника на Македонија, 2006-2010;

[4] заменик-претседател на Македонското гео-лошко друштво, 2002-2008;

[5] член на Друштвото на механика на Македо-нија (ДММ);

[6] член на Друштвото за големи брани наМакедонија;

[7] член на Меѓународното друштво за механи-ка на почви и геотехничко инженерство(ISSMGE);

[8] член на Меѓународното друштво за меха-ника на карпи (ISRM);

[9] претседател на Националниот комитет наIUGG (International Union for Geodesy andGeophysics);

[10] претседател на Одделението за геотехникапри Комората на овластени инженери иовластени архитекти.

Признанија:[1] најдобар дипломиран студент на Рударско-

геолошкиот факултет во Штип, признаниена Ректоратот на Универзитетот „Св. Ки-рил и Методиј“ во Скопје, 1988.

Проф. д­р Милорад Јовановски,декан на Градежниот факултетПП РР ОО ГГ РР АА ММ ААЗЗАА РРААББООТТАА ННАА ГГРРААДДЕЕЖЖННИИООТТ ФФААККУУЛЛТТЕЕТТ ВВООППЕЕРРИИООДДООТТ1155..99..22001111 ­­ 1144..99..22001155 ггооддииннаа

Програмата за работа на Факултетот за периодот15.9.2011 ­ 14.9.2015 година, е заснована на одредбитеи надлежностите кои произлегуваат од Законот зависокото образование, Статутот на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј”, актите на Градежниот факултеткако единица на Универзитетот и сопствените согле­дувања и анализи од работата во изминатиот период,на функцијата продекан за финансии, инвестиции иразвој.Поаѓајќи од фактот дека Градежниот факултет еинституција која во 2009 одбележа 60 години одсвоето основање, еден од основните принципи на коие заснована Програмата е принципот на задржувањена континуитет во работата на Факултетот, што е ос­нова за надградување на достигнувањата во минатитегодини од генерации професори и соработници.

За да се задржи достигнатото ниво, но и да сестворат услови за натамошен развој на Факултетот,пред сѐ мора да се почитува придонесот на сите нашипретходници кои го вложиле целокупниот свој стручени научен потенцијал во развојот на Факултетот, со штого дале својот огромен придонес за воспоставување нанесомнено високото реноме. Ова, всушност,претставува и голема обврска која ќе биде безрезервноприфатена како една од основните заложби наДеканатот во наредниот период.Факултетот во минатиот период се соочуваше сониза предизвици кои беа поврзани со реформите вовисокото образование, интегрирањето на Универзи­тетот „Св. Кирил и Методиј”, светските и домашнитеекономски текови и други објективни и субјективнифактори кои несомнено влијаеја врз условите занегова работа.

Page 11: Univerzitetski vesnik br. 123

11универзитетски весник - број 1 23

Сепак, и во такви услови, со големо залагање насите нас беа постигнати резултати за почит. Имено,извршено е успешно прифаќање на условите за работаво интегрираниот универзитет, значитело се подоб­рени условите за работа преку континуирано вложува­ње во реконструкции и одржување на Факултетот, по­младите колеги се постојано помагани преку фондотза млади кадри на различни начини, извршено е кон­тинуирано и планско вложување во информатичкатаопрема, безрезервно се поддржувани активностите настудентите, поттикнувана е и помагана издавачкатадејност и сите други активности кои произлегуваат оддејноста.Во услови на незавршена транзиција на општес­твото, рестриктивните услови за вработување во јав­ниот сектор, специфичната конкуренција во високотообразование и други тешкотии, сепак во изминатиотпериод се успеа да се одржи рамнотежа во кадровскатаструктура на Факултетот, која беше сериозно загрозенасо пензинирањето на голем број наши истакнати про­фесори и административно­техничкиот персонал.За истакнување е дека со исклучително залагање насите нас, и во вакви услови се забележува поголем ин­терес за студирање на Градежниот факултет во мина­тата година, што укажува дека градежништвото какоблагородна професија има иднина.По големи напори и посебно залагање, Факултетотуспеа да добие акредитација за третиот циклус настудии по градежништво. Имплементацијата на док­торските студии ќе биде еден од поголемите предиз­вици кои стојат пред Деканатот во наредниот период,а овие аспекти ќе се решаваат главно со потпирање насопствените ресурси, но и во соработка со сроднитефакултети. Исто така, ќе се продолжи со заложбите заизмени во условите за акредитација на докторски сту­дии во дефицитарните области, а со цел што побрзо дасе акредитира и студиската програма за докторскистудии по геодезија.Факултетот, како институција, главната движечкасила ќе ја црпи од иницијативноста, идеите и креатив­носта на секој поединец, а Деканатот ќе биде секогашотворен за прифаќање на сите идеи и иницијативи ододделите, катедрите, наставниот и соработничкиоткадар, студентите, административно­техничкиот пер­сонал, нашите соседи од Архитектонскиот факултет,како и од нашите колеги од градежните компании.Со максимална почит кон секој поединец, ќе сестимулира реализацијата на сите позитивни идеи вотесна соработка со Деканатската управа и Наставно­научниот совет.Во овој контекст, основна цел на оваа Програма еда се потенцираат активностите кои ќе дадат придонескон натамошен развој во сите главни области на деј­ствување на Факултетот, наставната, научната и апли­кативната дејност, кои претставуваат една неделиваинтегрална целина.НАСТАВНА ДЕЈНОСТ

Наставната дејност на нашиот Факултет секогаш сенегувала со посебен однос и се одликувала со големозалагање на сите наставници и соработници. Споредмое мислење, на Факултетот успешно се комбиниратрадиционализмот и современиот приод во наставни­от процес.Првиот циклус на студии е фундаментален дел нанаставната дејност и на него се посветува особено вни­мание. Во изминатиот период стекнати се значајни

искуства во имплементацијата на ЕКТС на сите насокина студиите по градежништво, геодезија и геотехника.Вториот циклус на студии претставува комплементво заокружувањето на стручните вештини и компетен­ции и способностите за научно­истражувачка работана дипломираните инженери. Во изминатиот период,Факултетот преку студиските програми од втор циклуспромовираше голем број на магистри по геодезија,градежништво и геотехника.Во периодот што следува, Деканатот максималноќе се заложи да се одржи континуитетот и развојнатафаза во студиските програми на двата циклуса настудии. Посебно внимание и максимална поддршка ќеим се даде на наставниците при подготовка на матери­јалите за одржување на настава на третиот циклус настудии. Факултетот ќе преземе чекори, во организаци­ска смисла, да стане и регионален центар за третциклус на студии.Искуствата од изминатите години покажуваат декаима потреба од одредени усогласувања во критериу­мите за оценување и вреднување на ангажманот настудентите од контролните тестови и завршниот ис­пит. На ова поле, од посебно значење беа предлозитена помладите колеги, кои во најголем дел се веќе сеуважени, а во идниот период ќе се отвори и поширокарасправа на ова поле, за да се дефинираат јасни крите­риуми за број на студенти по групи во зависност одспецификите на одделни предметни програми.Посебен предизвик е усогласување на квалифика­циите и обемот на студиските програми, изразени воЕКТС­кредити, со условите за добивање на соодветниовластувања на нашите дипломирани студенти на на­соките за градежништво, геодезија и геотехника.Условите во Законот за градење, како и критериумитешто се налагаат од Комората на овластени архитекти иовластени инженери, бараат активен однос кон овааматерија, а со цел на нашите дипломирани инженерида им се овозможи брза валоризација на вложениоттруд и можности за нивно докажување во струката.Принципот на континуирано образование налагане само обезбедување на оптимален квалитет на сту­дирање на првиот циклус студии, туку и создавањеуслови нашите студенти на најефективен начин да севклучат во вториот циклус на студии. Според низакритериуми и искуства од европските земји, заокру­жувањето на високото образование со 300 ЕКТС­кре­дити се наметнува како неопходност во техничкитеструки.Ова ќе биде и една од основните задачи на Декана­тот, што произлегува и од фактот дека високото обра­зование денес има димензии на дејност каде штоекономската логика мора да е застапена, при штоквалитетно организираните студии секако дека ќебидат предуслов за реален интерес кај ситезаинтересирани субјекти кои планираат своето високообразование да го започнат, или да го надоградат наГрадежниот факултет.За развој на наставната дејност е потребно градењена долгорочна стратегија, со која ќе може да предни­чиме во однос на конкуренцијата во високото образо­вание. Нема дилеми дека студентите кои ќе ги при­влечеме да студираат на нашиот Факултет ќе знаат даги ценат критериумите за квалитет и принципиелниотоднос кон нив и дека ќе се вреднува традиционализ­мот кој сме го граделе со децении. Ваквиот пристапможе успешно да се комбинира со отвореноста за новиидеи и нивно вградување во наставниот процес.

Page 12: Univerzitetski vesnik br. 123

12 универзитетски весник - број 1 23

Квалитетот на кадарот и на студиските програми,како и нашето долгогодишно искуство во изведува­њето на наставата се нашите предности кои треба да гиистакнеме во јавноста.Методите и средствата за реализација на наставни­от процес се, исто така, значаен сегмент за подигнува­ње на квалитетот на наставата. Деканатот ќе продолжии понатаму да вложува во опремување на просторот иво набавка на помошни средства и лабораторискаопрема за изведување на современа настава.Може да се каже дека, во моментов, поголем дел одглавните предавални и лаборатории веќе имаат задо­волително ниво на современа опрема за одржување нанастава. Тоа ќе биде само основа за натамошно над­градување на опременоста на Факултетот. Уште овааучебна година ќе се заврши со целосно осовременува­ње на преостанатите неколку главни предавални состационарни LCD­ проектори.По завидното подобрување на условите за работаво постојниот компјутерски центар, преку комплетнодоопремување со персонални компјутери и мониториод понова генерација, во наредниот период целосно ќесе доопремат уште четири од постојните лабораториисо по десетина персонални компјутери, со цел и тие дадобијат лик на миникомпјутерски центри опремени исо мрежа на безжичен интернет.Во досегашниот период, сите катедри, а посебнопомладите соработници, беа помагани од средства наФакултетот со информатичка и видеоопрема, како исофтвер за потребите на наставата.Во овој контекст, се планира секој наставник и со­работник да биде опремен со преносен комјутер (note­book) како неопходно помагало за подготовка и изве­дување на наставата.Веќе е стапено во контакт со реномирани произво­дители на градежни материјали од нашата држава, соцел да се постават нивни експонати од градежни мате­ријали и конструктивни детали во нашите холови. Заистакнување е дека одделни лаборатории кои со годи­ни беа во лоша кондиција, веќе заживеаја, а Факулте­тот со сопствени средства набави и лабораторискаопрема по иницијатива на некои од катедрите.Овој тренд ќе продолжи и во иднина, како еднанеопходна активност. Вреди да се истакне дека во за­вршна фаза се тендерските постапки за набавка и нанова лабораториска опрема кај дел од катедрите одсопствени извори, а ќе се заврши и реконструкцијатана хидрауличката лабораторија.Јасно е дека за вакви активности се потребни многусредства, но радува и фактот што за две лабораторииод страна на Министерството за образование и наукаимаме потврда дека ќе следува испорака на опрематакоја беше предмет на тендерирање по спецификациидадени од страна на вработените на Факултетот.Ова јасно укажува дека со одговорен однос и презе­мање мерки за подобрување на условите за работа, поправило следува и помош од надлежните институции.Деканатот, како и досега, ќе биде максимално упоренво барањето на средства за подобрување на материјал­ната база на ова поле.Режимот на студирање според ЕКТС, во првиот,вториот, а во иднина и третиот циклус на студирање,бара огромен ангажман и дополнителна оптовареностна наставниот персонал, особено на соработниците.Материјалната поддршка за зголемениот обем на ра­бота, која се добива од Министерството за образова­ние, сѐ уште не е на доволно ниво, а секако дека издво­јувањата од државата тешко овозможуваат надградба

на младите кадри. Поддршката на наставниот пер­сонал, а особено на младите кои доаѓаат, ќе продолжида се одвива уште поинтензивно, со обезбедување насите неопходни средства за работа како компјутери,печатачи, тонери, канцелариски материјал и софтвер,без притоа да се оптоваруваат средствата на катедрите.Во овој контекст, Факултетот, во изминатиот пери­од, со исклучително залагање на сите нас, овозможипомош за сите помлади колеги кои ги завршуваасвоите студии на втор циклус, посетуваа симпозиуми,семинари за обука или други видови за нивно посто­јано усовршување. Овој тренд понатаму ќе продолжисо уште посилно темпо.Бројноста на студентите е битен услов од кој зави­си функционирањето на наставата. Во тој поглед, ситеидеи и активности за понуда на нови студиски програ­ми, со кои ќе можеме конкурентно да се појавиме напазарот на високото образование, од страна на Дека­натот ќе добијат севкупна поддршка.Тука посебно сакам да истакнам дека покрај посто­јаното иновирање и приспособување на постојнитестудиски програми за прв, втор и трет циклус на сту­дии по градежништво, геодезија и геотехника, Дека­натот ќе ги преземе сите чекори кои се неопходни заотворање и на нова насока за менаџмент во градеж­ништвото и индустријата за градежни материјали навториот циклус на студии. Оваа заложба произлегуваод детална анализа на бројот на студенти кои запишу­ваат предметни програми од областа на организацијаи технологија на градба и менаџмент во градежни­штвото, како и контактите со веќе завршените студен­ти кои имаат потреба од вакви знаења во практиката.Во оваа насока ќе ѝ се даде целосна помош и поддршкана Катедрата за организација и технологија на град­бата. Целта е, покрај другото, да се привлечат и кадриод други струки на оваа насока.Деканатот ќе преземе чекори, во прва фаза баремна една насока, предавањата на вториот циклус и целтрет циклус да се одвиваат на англиски јазик. Ова, се­како, произлегува и од фактот што нашите дипломи­рани инженери, својата инженерска практика и усовр­шување во голем број случаи ќе ги вршат надвор однашата земја, а во секој случај ќе контактираат со екс­перти од странство кои сѐ повеќе се присутни на на­шиот пазар поради започнатите поголеми инфра­структурни проекти. Наша примарна обврска ќе бидемаксимално да ги подготвиме нашите студенти закомуникација со странски експерти и во раководењетосо меѓународни проекти.Уписната политика ќе биде многу активна. Ќе севрши континуирана презентација на понудата на на­шиот Факултет на различни начини, со јасно истакну­вање на сите предности на насоките за градешнитво,геотехника и геодезија. Како појдовна точка во фор­мите за презентација на Факултетот ќе се искористатсите позитивни искуствата од факултети кои се сроднисо нашиот, а секако дека пресуден ќе биде и нашиототворен однос кон сегашните студенти, кои по нивнотозавршување на Факултетот се всушност и нашитенајдобри промотори кај заинтересираните лица заупис.НАУЧНОИСТРАЖУВАЧКА ДЕЈНОСТ

Научноистражувачката дејност е основа за прогресна Факултетот и го одредува рејтингот на факултетотво рамките на државата и пошироко на меѓународенплан. Во овој контекст, во наредниот период се плани­

Page 13: Univerzitetski vesnik br. 123

13универзитетски весник - број 1 23

ра да се воведе една значајна новина. За таа намена,уште до септември оваа година ќе се извршат потреб­ните статутарни приспособувања.Имено, по углед на Ректоратот на УКИМ, како иповеќе негови единици, се планира воведување науште едно продеканско место: продекан за наука имеѓународна соработка. Оваа потреба произлегува оданализата на обемот на обврските кои сега ги има про­деканот за настава, наука и меѓународна соработка, нои од детална анализа на потребата за поинтензивновклучување во меѓународните научноистражувачкипроекти.Јасно е дека без поголеми научноистражувачкипроекти не е можно научното усовршување и промо­вирање во пошироки рамки на нашите млади кадри истудентите. Проблемите од материјална природа нетреба да се причина за помала активност на ова поле.Иако Министерството за образование и наука поподолг период почна да инвестира на ова поле, требада се наоѓаат и други алтернативи за научноистражу­вачка активност и интензивирање на меѓународнитеконтакти.Знаејќи ги ефектите кои се постигнати со воведу­вање на фондот на млади кадри, со кој се овозможиучество на конгреси и симпозиуми, дома и надвор одземјата, и набавка на потребна литература за сите по­млади колеги, очигледно е дека ова е поле на кое и воиднина мора да се посвети посебно внимание.Тука посебно сакам да истакнам дека во иднинаДеканатот ќе води сметка да се покријат сите трошоциза студирање на трет циклус на нашите помладиколеги, кои целосно ќе бидат ослободени од пробле­мот на изнаоѓање средства за научноистражувачка ра­бота.Лично, како и досега, максимално ќе се заложам задобивање на помош од сите наши пријатели од сто­панството за партиципација во научноистражувачки иразвојни проекти од кои користа ќе биде обострана.Организацијата на семинари, симпозиуми, рабо­тилници, гостувачки предавања и други форми за кон­тинуирано учење и усовршување, во соработка со Ко­мората на овластени архитекти и инженери, со инже­нерските сојузи, друштва и асоцијации и стопанскитесубјекти ќе биде тековна активност.На полето на меѓународната соработка се отворенивратите за поголеми достигнувања, пред сѐ благода­рение на безграничното и несебично залагање на не­колку наши истакнати професори. Тоа мора да бидепример за сите нас и посебно за помладите колеги.Иако е неспорно дека Факултетот, на ова поле, пока­жува позитивна иницијатива и резултати, во наред­ниот период, кон сите учесниците во меѓународнатасоработка и меѓународните проекти ќе биде покажанамаксимална почит и ќе се даде максимална поддршка.Всушност, една од основните идеи за промовирањена продеканско место за наука и меѓународна соработ­ка е и фактот дека ваквата иницијатива треба да станенаша практика во работата. Персоналните контакти ќесе издигнат на ниво на институционална соработка сосите досегашни партнери, а секако дека ќе се бараат инови форми за соработка, посебно со блиските државикои се членки на ЕУ.На планот на научноистражувачката работа, сепланира и проширување на меѓуфакултетската сора­ботка, особено во доменот на размена на наставенперсонал и студенти. Тука е позитивно искуството воконтактите со Машинскиот факултет, со кој е заеднич­ки настапено на полето на барање помош за поголеми

финансиски средства поврзани со експерименталниистражувања преку фирмата ФАКОМ. Ова понатаму ќесе практикува и со другите сродни факултети.Ќе продолжи да се развива соработката со Фран­цуската амбасада, каде што се отвораат многу можнос­ти за лабораториско доопремување и испраќање нанаши кадри на специјализации, докторски студии идруги форми на научна соработка.Сметам дека треба да се воспостави и потесна врскаи соработка со кадрите од нашиот Факултет, кои по­стигнале висок успех на стручно и научно поле надвород нашата земја. Посебна чест е и за нас и за нив, да гипоканиме и да им овозможиме да ги презентираатнивните достигнувања и во сопствената држава, кадешто, по правило, признанијата стигнуваат најдоцна,но затоа, пак, се најдраг подарок и спомен.ИЗДАВАЧКА ДЕЈНОСТ

Општо е познато дека она што не е запишано вокнига, зборник, монографија или друг научен труд еисто како и да не се случило.Ова значи дека издавачката дејност треба да бидееден од приоритетите на Факултетот, посебно ако сеима предвид дека тоа е и од особено значење за квали­тетот на наставата, афирмација на Факултетот востручните и научните кругови во светот и вистинскатрага низ идните времиња за нашата активност.Деканатот во минатите четири години презеде че­кори за подигнување на висината на средства кои сеодвојуваа за покривање на трошоците за печатење научебници, авторизирани скрипти, монографии и збор­ници на трудови. Континуирано се вршеше и откуп научебници од наши наставници за потребите на биб­лиотеката, како скромен надомест за огромниот трудкој е потребен за издавање на учебни помагала.На ова поле, Деканатот ќе води политика ситеавтори целосно да бидат ослободени од проблемот набарање средства за подготовка на материјали, печа­тење и дистрибиција на учебниците и скриптите. Ќе секористат средства од државните, универзитетските, нои од сопствените фондови. Деканатот целосно ќе сезаложи и за помош од градежните компании и другитестопански субјекти, со цел да се створат услови заодржување на континуитет на ова поле и да се дадедополнителен поттик за развивање на оваа дејност.Посебно радува фактот дека по голем напор, по­младите колеги успеаја да соберат значителен број натрудови за Електронскиот зборник на Факултетот, сошто ќе се заврши една фаза од неговата подготовка.Деканатот ќе преземе дополнителни обврски ова дастане континуирана активност, со цел да се створатуслови за целосна достапност на пишуваните матери­јали и сите научни трудови на нашите истражувачипрезентирани на научни собири. Со тоа многукратноќе се подобри сликата за Градежниот факултет и по­широко.Деканатот ќе ги заврши преземените активности заподготовка на англиска верзија на веб­страницата наФакултетот, со цел подобро презентирање и предмеѓународната јавност.Се планира почнување на активности за издавањена научно списание со меѓународен уредувачки одбор,со цел постепено, со тек на време, да се создадат усло­ви за препознавање на научно­истражувачката дејностна Факултетот и во меѓународни рамки.

Page 14: Univerzitetski vesnik br. 123

14 универзитетски весник - број 1 23

Согласно со актите на Факултетот, ќе се најде на­чин за скромен надомест за ваквите активности насите вработени.АПЛИКАТИВНА ДЕЈНОСТ

Градежништвото е, несомнено, техничка областкоја не може да се замисли без практична примена нанаучноистражувачките резултати. Вистинското нивона стручниот кадар кој го продуцира Факултетот сепокажува преку примена на знаењето во практиката.Апликативната дејност на Факултетот во минатиотпериод достигна завидно ниво со забележителни ре­зултати преку непосредна секојдневна врска со стопан­ските субјекти. На ова поле, во минатите години бевлично задолжен да остварувам контакти и да обезбе­дувам проекти каде што нашите стручни потенцијалиможат најдобро да дојдат до израз. Без лажна скром­ност, постигнати се резултати кои во услови на еко­номска криза не се за потценување. Нема позначаенпроект каде што Факултетот не бил вклучен, а големдел од капиталните тековни проекти се и директноосмислувани од лица од Факултетот. Во тек се проектикои во континуитет обезбедуваат интензивна актив­ност во наредниот период.Набројаните причини се доволни за да се каже декаДеканатот ќе се заложи за одржување на високиот обемна апликативната дејност, посебно во проекти од кои седобиваат основи за идни научни анализи, трудови вомеѓународни списанија и друга научна активност.Треба да се спомене дека апликативните проектисе, пред сѐ, можност за стручна надградба на младитеколеги, а како приходна ставка во буџетот на Факулте­тот, се една од можностите за подобрување на матери­јалната основа на Факултетот и вкупната финансискакондиција.Вреднувањето на сопствениот труд и способноститена секој наставник и соработник во денешно време неможе да се ограничи, но привлекувањето на значајниапликативни проекти, во рамките на Факултетот, е одголема важност за натамошен развој. Секако дека епотребно натамошно залагање за соработка со ситесродни фирми и институции. Многу е значајно да сеистакне дека градежните фирми треба да го почувству­ваат Факултетот како куќа која им дава помош, а не име конкуренција, за што Факултетот треба да води ис­клучително мудра политика.Деканатот ќе продолжи интензивно да работи наова поле, преку создавање предуслови за мотивацијана наставниот кадар и придружните служби на Факул­тетот. Во таа насока, Деканатот ќе продолжи со залож­бите за обезбедување на апликативните интеркатедар­ски проекти во кои учествуваат голем број на извр­шители, а максимално ќе тежнее да се застапени иколегите­ соработници.Координацијата на капиталните апликативни про­екти ќе им биде препуштена на експертски тимови одконкретната област на апликативниот проект, а распре­делбата на апликативната дејност ќе биде на начин кадешто ќе бидат вклучени најширок круг на извршители.Катедрите ќе продолжат да бидат основните носи­тели на апликативната дејност, а Деканатот, прекусоодветна поддршка во подготовка на тендерски доку­менти, соодветна административна и материјална под­дршка, ќе им овозможи максимална асистенција.Радува фактот што скоро кај сите катедри се забе­лежува нагорен тренд на овој план. Исто така, заистакнување е трендот на обезбедување на работа на

капитални проекти и во соседните држави, што е до­бар показател дека имаме искуства и знаење за плас­ман и на пошироките пазари.Факултетот е во завршни преговори и со Светскабанка за учество во изработка на идни капитални про­екти и стратешки документи во областа на градеж­ништвото, по пример на изработената Стратегија заразвој на градежништвото во Црна Гора.Факултетот ќе продолжи да негува политика на во­дечка инстутиција за соработка на ова поле заедно сосродните факултети преку форми на заеднички настапво рамките на интегрираниот Универзитет.Треба да се спомене дека внимателно ќе се следатзаконските основи кои даваат можност за отворање наИнститут за студии и проектирање во рамките на Уни­верзитетот, бидејќи има одредени тенденции, насоче­ни кон ревизија на правото за апликативна дејност наФакултетот. По ова прашање треба да бидеме подгот­вени за навремена реакција, со однапред изграденастратегија, која ќе биде дадена на разгледување доуправните органи на Факултетот и Универзитетот.КАДРОВСКА ПОЛИТИКА

Условите за вработување во минатиот период беадоста рестриктивни, но на кадровско поле, Факултетотуспеа со големо лобирање и напори да обезбеди 7асистентски и неколку значајни места за пополнувањена дефицитарните струки од административно­тех­ничкиот персонал. Со тоа, некако е намален трендотна постојано намалување на бројот на вработени.Во наредниот период, Факултетот го очекуваат го­леми предизвици на овој план. Законот за пензиони­рање наметна одредени аспекти, кои се почувствуваа иво сферата на високото образование. За жал, доколкусе задржат постојните законски одредби, голем број нанаши еминентни професори во наредниот период сепред пензионирање.За намалување на негативните аспекти на овојтренд, Деканатот ќе ги користи сите можности и од­редбите од Законот за високото образование, и по де­тално согледување на состојбите, ќе овозможи анга­жирање на нашите истакнати професори во наставата,во сите циклуси на образование.Ќе се користат и наши позитивни примери кадешто пензионираните професори се и ден­денес, всуш­ност, многу активен дел на катедрите.Во секој случај, Деканатот секогаш ќе покажуваогромна почит и благодарност кон сите професори, безисклучок, кои по сила на законот ќе одат во пензија иќе биде максимално отворен за сите форми на сора­ботка со нив, преку користење на нивното драгоценоискуство.Кадровската политика на Факултетот ќе се реали­зира според утврдени листи на приоритет, кои и сегапостојат, водејќи сметка секоја катедра да може да гиизвршува своите обрски кон наставата без поголемитешкотии. Во ниеден случај нема да се применувапринципот на мајоризација, туку ќе се тежнее иднитевработувања да бидат со широка согласност, исклучи­во преку принцип на меѓусебна доверба и уважување.За успешно функционирање на Факултетот, зна­чаен сегмент се и административните служби, кадешто од повеќе причини, исто така, се соочуваме сотешкотии. Деканатот, и на ова поле, ќе се заложи зарешавање на сите прашања, преку реално претставу­вање на состојбата, пред надлежните министерства, одкаде што се очекува разбирање и помош.

Page 15: Univerzitetski vesnik br. 123

15универзитетски весник - број 1 23

СТУДЕНТИ И СТУДЕНТСКА ОРГАНИЗАЦИЈАСтудентите се суштината на факултетското живее­ње. Лично сум бескрајно благодарен што сум дел одакадемската заедница и сметам дека ја имаме најголе­мата привилегија на светот со самото тоа што ни едадена можноста да бидеме дел од вечниот процес насподелување на знаења и искуства со помладите коле­ги. Јасно е дека Факултетот постои заради студентите,и дека свежината на нивниот дух нѐ одржува и нас восостојба на вечна младост.Универзитетското живеење има смисла само во со­работка со студентите. Според академските права, коиги имаат, тие се рамноправен чинител во наставниотпроцес и во работата на Факултетот, така што секогаштреба да бидеме спремни да ги сослушаме нивнитепроблеми, барања, идеи и планови.Правото на студентите за полна слобода во изразу­вањето на сопственото мислење, барањата за дополни­телни консултации за предавањата, континуираниотпристап до компјутерски опремена просторија, модер­низацијата на наставните програми, лесната достап­ност до потребната литература, поголемата застапе­ност на практичната настава, учеството во сите дејнос­ти на Факултетот и учеството на семинари и симпозиу­ми ги сметам за врвно право.Во минатиот период, во непосредни секојдневниконтакти, Факултетот изнаоѓал секогаш начин за по­мош на сите активности на студентите, преку обезбе­дување на средства за учество на студентски собири,симпозиуми, студентски натпревари и други актив­ности.Сметам дека со принципиелниот и отворениот од­нос кон студентите во минатите години е даден придо­нес кон зголемен интерес за студирање.Оттука, Деканатот ќе направи согледување на реал­ните можности и план за финансиска поддршка настудентските иницијативи. Дополнителни средства,како и досега, ќе се бараат од стопанските субјекти. Восоработка со Деканатската управа ќе се разгледа мож­носта, за добрите студенти со социјални проблеми, дасе воведе бенефицирана партиципација.Деканатот ќе го одржи континуитетот на добратапрактика, за стипендирање и јавна промоција на нај­успешните студенти.Студентскиот парламент секогаш ќе биде поддр­жан да ги артикулира потребите на студентите, нивни­те идеи и иницијативи.Деканатот, како и досега, ќе воспостави континуи­рана врска со претставниците на студентите, за даможе во вистинско време и на вистински начин, а ворамките на актуелните можности и зацртаниот план,да им помогне.Согледувањата на студентите за нашиот севкупенангажман во наставниот процес, преку евалуационитеанкети, е основа за позитивни корекции. Битен пред­услов секако дека е и обостраната самокритичност. Нетреба да заборавиме дека нашите студенти, за време наедукацијата и по завршувањето, се главните емисарикои ја вршат суштинската промоција на нашиот Фа­култет.Посебно сакам да нагласам дека Деканатот ќе пре­земе обврска за подобро уредување на читалната и сту­дентските простории, уште во текот на оваа учебна го­дина, а во наредниот период уште повеќе ќе им се даваподдршка на сите нивни иницијативи.

ФИНАНСИСКО РАБОТЕЊЕОсновниот извор на финансирање на Факултетот себуџетските средства кои се наменски и не можат да секористат за други цели.Од друга страна, Градежниот факултет, какоинституција од јавен карактер, финансиското работе­ње го заснова на детално изготвени планови за корис­тење на средствата од сопствената сметка, согласно сопринципите на трезорското работење.Деканатот, во наредниот период, ќе се ангажира зареализација на повеќегодишните, годишните и квар­талните планови за реализација на средствата од соп­ствената сметка, кои, согласно со условите за трезор­ско работење, прецизно се планираат по приходни ирасходни ставки.Деканатот ќе ја задржи практиката детално да гиобразложува сите приходи и расходи пред Деканат­ската управа и Наставно­научниот совет.Ако се тргне од фактот дека личниот доход е основ­на економска категорија за вреднување на трудот ипресметковна основа за правата стекнати во работниотпериод, треба да се истакнат реално можните полити­ки.Вреди да се нагласи дека во минатите 4 години,Факултетот имаше политика на континуирано иосмислено дополнување на буџетски добиените сред­ства со сопствени средства како додаток кон платата,при што за секое дополнување се исплаќани и ситепридонеси.За илустрација, доплатата од сопствени приходи,зависно од условите и приходите, во минатите 4 годи­ни се движи од 340.000 до 400.000 денари на месечнониво, или 12­14% од средствата кои се добиваат набуџетската сметка. На месечно ниво е потребно обез­бедување на прилив од минимум 4.000.000 денари одсопствената сметка, за по сите издвојувања кон Уни­верзитетот, даночните обврски кон државата, покри­вање на сите комунални трошоци и други расходи, дасе овозможи резерва за доплата на ниво кое е претход­но наведено. Ова бара исклучително голем напор изалагање од наша страна, посебно во време на економ­ска криза.По ова прашање, Деканатот ќе има јасен став декаоваа практика треба да продолжи, имајќи предвиддека ваквата доплата е од голема помош за секој вра­ботен, а е значајно и за постигнување на подобар про­сек за пензија кај повозрасните колеги.Покрај тоа, ќе се тежнее катедрите максимално дасе растоваруваат од материјални трошоци за купувањена софтвер, хардвер и друга опрема.

ПЛАН ЗА ИНВЕСТИРАЊЕВо минатите години, Градежниот факултет, главносо сопствени средства и со одредена буџетска поддрш­ка, успеа да реализира капитални инвестиции поврза­ни со комплетна замена на прозорците, електроинста­лацијата, опремување на компјутерскиот центар, хо­ловите, кабинетите и извршување на голем број другиактивности.Вреди да се истакне дека ова се одвива во соработкасо Архитектонскиот факултет, при што се решија и серешаваат поголем број прашања кои се од заедничкиинтерес. Ова е и пример за добра соработка, како штодоликува на одговорни и домаќински инстутиции подеден заеднички покрив.

Page 16: Univerzitetski vesnik br. 123

16 универзитетски весник - број 1 23

Димитар Трајанов е роден1972 година во Радовиш. Дипло-мирал и магистрирал на Елек-тротехничкиот факултет воСкопје, во 1996 и 1998 година.Докторирал на Факултетотза електротехника и инфор-мациски технологии во Скопјево 2006 година. Во 1999 годинабил вработен како помладасистент на Институтот за

компјутерска техника иинформатика при Електро-техничкиот факултет воСкопје, a во 2001 бил избран заасистент. По докторирањетово 2006 година бил избран возвањето доцент, а во 2010 го-дина, во звањето вонреден про-фесор. Од март 2011 година едекан на Факултетот за ин-форматички науки и компју-терско инженерство – ФИНКИво Скопје.

По изборот за доцент ивонреден професор држел пре-давања по поголем број пред-

Оваа стратегија за меѓусебна соработка и лесно до­говарање околу решавањето на заедничките проблемиќе продолжи со активности околу завршување постап­ките за санирање на покривната конструкција и другитековни проблеми.Во наредниот мандатен период, Деканатот планирада ги доопреми амфитеатарот и некои од главнитеучилници со централен клима­ уред. Просториите настудентите и бараката ќе се доведат во далеку подоброниво од сегашното, а се планира да се реализира инадградба на халата во северното крило, со што за по­долг период ќе се разрешат одредени горливи про­сторни прашања.Се планира континуирано подобрување на услови­те за работа преку неопходни плански интервенции вокабинетскиот простор, за кој во минатиот период е на­правен значаен исчекор. Покрај тоа, континуирано ќемора да се вложува во одржување на инсталациите,училниците и другите простории.Ова ќе биде постојана обврска на Деканатот.СОРАБОТКА СО АДМИНИСТРАТИВНО­ТЕХНИЧКИОТ ПЕРСОНАЛ

Многу значаен сегмент во функционирањето наФакултетот е дејствувањето на административно­тех­ничкиот персонал. Иако кај одредени стручни службисе забележува недостаток на кадар, сметам дека служ­бите ги извршуваат своите задачи на високо ниво. Овојстав произлегува од детално познавање на тежинатана задачите кои ги има секоја служба одделно, а созаемните секојдневни контакти сметам дека е воспос­тавена голема доверба и почит, што треба и во иднинада се негува и да биде една од најзначајните задачи засите нас.Имајќи ги предвид обврските што се поврзани сопотребата од воведување електронски индекс, заед­нички со раководителот на административно­технич­ките служби и сите вработени од административно­техничкиот персонал, ќе бидат навремено преземенисите потребни чекори.Деканатот во претходниот период успеа да ги опре­ми просториите на сите служби со опрема и подобриуслови за престој, а и во иднина ќе ги преземе сите по­требни активности за обезбедување на потребнитеуслови за работа на службите, а нивниот труд секогаш

ќе биде вреднуван согласно со донесените акти и пра­вилници на Факултетот и Универзитетот.ДРУГИ ПРАШАЊА

Деканатот во наредниот период ќе воведе одредениновини во начинот на оддавање на колегијални при­знанија кон сите наставници и соработници кои далеособен придонес во развојот и афирмацијата на Фа­култетот.Имено, покрај традиционалните скромни наградикои се доделуваат при прославата на 15 години од вра­ботување на секој од нас или при пензионирање, Дека­натот ќе воведе признание за особен придонес восекоја тековна година, при што би се вреднувале напо­рите за меѓународна и државна афирмација на Факул­тетот, за објавена книга, организација на настани одинтерес за Факултетот и слично. Признанието ќе бидедоделено по предлог на минимум две катедри.На тој начин се очекува да се оддаде скромно, номногу драго човечко признание за наставниците коивложувале и вложуваат исклучителни напори во ситеполиња на дејствување на Факултетот.Деканатот секако дека ќе ги следи сите општестве­ни случувања кои се од интерес за високото образова­ние, и по потреба ќе врши приспособувања на ситеакти кон барањата на актуелниот момент.Лично, можам слободно да ветам дека Деканатотќе биде постојано и целодневно отворен за дискусии иидеи по сите прашања од заеднички интерес. Целта еГрадежниот факултет да биде почувствуван уште по­веќе како заеднички дом за сите нас, кои овде гопоминуваме поголемиот дел од денот.При тоа, ќе се применува принципот за меѓусебноколегијално уважување и бескрајна почит кон ситевработени и студентите.Како и досега, ќе се применува политика, споредкоја, секогаш ќе има средства за реализација на ситеоправдани барања.Врз основа на ваквата поставеност, во работата наДеканатот ќе се издигнат на уште повисоко нивопринципите на отвореност, правичност, еднаквост,трудољубивост и солидарност, како општочовечкипринципи кои, според мое лично уверување, се осно­вен предуслов за успешен и хармоничен развој на Фа­култетот.

Curriculum VitaeПроф. д­р Димитар Трајанов,декан наФакултетот за информатички науки и компјутерско инженерство

Page 17: Univerzitetski vesnik br. 123

17универзитетски весник - број 1 23

мети од областа на веб-бази-рани системи, безжични ком-пјутерски мрежи, јавни мобил-ни мрежи, мрежно програмира-ње, системски софтвер, елек-тронска и мобилна комерција,надежност на софтверот икомпјутерски архитектури.Има богато искуство и во одр-жување на професионалниобуки, а поседува и инструк-торски дипломи за повеќе ин-дустриски курсеви. Држелобуки за компании во Македо-нија.

Публикувал повеќе од 80трудови во меѓународни списа-нија, а учествувал на меѓуна-родни и домашни конференции.Д-р Димитар Трајанов бил ко-автор на седум книги. Раково-дел и учествувал во повеќемеѓународни и домашни науч-ноистражувачки проекти. Ис-то така, раководел и со над 20апликативни проекти за стран-ски и домашни компании.

Научни области во кои ра-боти се: семантички веб, без-жични ad hoc-мрежи, комплекс-ни мрежи, веб-апликации и сер-виси, дизајнирање на системина чип, паралелно програмира-ње, е-бизнис.

Од јануари 2011 година епретседател на Националниоткомитет за ИКТ во образова-нието.

Проф. д­р Димитар Трајанов,декан на Факултетот за информатички науки и компјутерскоинженерствоПП РР ОО ГГ РР АА ММ ААЗЗАА РРААББООТТАА ЗЗАА ППЕЕРРИИООДДООТТ 22001111­­22001155 ГГООДДИИННАА

ВОВЕДФакултетот за информатички науки и компјутерскоинженерство (ФИНКИ) е дел од Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје и е формиран со здру­жувањето на професорите од двата најголеми инсти­тута од областа на информатиката и компјутерскататехника во Македонија – Институтот за информатика(ИИ) при Природно­математичкиот факултет и Ин­ститутот за компјутерска техника и информатика(ИКТИ) при Факултетот за електротехника и инфор­мациски технологии. Развојот на ФИНКИ ќе се потпи­ра на продолжување на традицијата на двата инсти­тута.Идејата за посебен факултет за информатика естара повеќе од десет години, период во кој поголемброј колеги вложија огромен личен напор и придоне­соа за создавање на ФИНКИ. И во овој контекст јаизразувам мојата благодарност и почит кон сите штопридонесоа да се создаде ФИНКИ.ФИНКИ, по бројноста и квалитетот на кадрите,веднаш по формирањето се постави како еден однајголемите технички факултети во Македонија, штодополнително претставува обврска и одговорност запонатамошниот развој на информатиката воМакедонија.Информатиката е многу динамична област. Токмупоради таа динамика, потребно е да се направи совре­мен факултет кој ќе биде поставен така што да може даги следи сите промени на полето на информатичкататехнологија. Во таа насока, ФИНКИ ќе биде поставенкако особено флексибилна структура, во смисла наорганизација на Факултетот, наставата и содржинитекои ќе се опфаќаат, сè со цел да се одговори на предиз­виците.ИТ е една од најперспективните професии. Тоа епрофесија која од услужна дејност во минатото, денес

прерасна во професија која станува главен двигател наразвојот, не само во ИКТ­делот, туку и во сите другиобласти од современото општество.Еден од главните предизвици со кои ќе се соочиФИНКИ е успешно да одговори на новиот предизвиккој го има информатичката технологија како предвод­ник на индустрискиот развој.Дел од идеите и проектите кои се претставени вооваа Програма се на моите колеги, и се дел од заед­ничката визија која сите заедно ја имаме.

ВИЗИЈА• ФИНКИ ­ препознатлив во светот и најдобар ИТ­факултет во регионот;• ФИНКИ во нова современа сопствена зграда;• ФИНКИ ­ факултет за најдобрите студенти;• студентите се нашите партнери.

ОРГАНИЗАЦИЈА НА ФИНКИФИНКИ почнува од почеток и има можност дадефинира околина која ќе стимулира квалитет, развоји успешност.За да се постигне ова, ќе бидат креирани и доне­сени повеќе правилници кои на јасен начин ќе ги де­финираат правилата и однесувањето во рамките наФИНКИ. На овој начин ќе се избегнат какви билосубјективни толкувања и ќе се овозможи висока ефи­касност во работењето. Особено внимание ќе му сепосвети на Правилникот за плати, кој треба да обез­беди праведност, развој и стимулација да се работи ида се заработи.Моментално на ФИНКИ се креирани четири ин­ститути, кои треба да се конституираат и да почнат да

Page 18: Univerzitetski vesnik br. 123

18 универзитетски весник - број 1 23

функционираат. Посебно ќе биде важно овие органи­зациски единки да бидат ефикасни и функционални.Во оваа насока ќе биде потребно, по одреден почетенвременски период, да се сумираат искуствата, и врзоснова на нив да се предложат соодветни подобрувањаво организациската структура.

ИНФРАСТРУКТУРАРешавањето на просторниот проблем ќе биде нај­главен приоритет во наредните четири години. Овојпроблем во тековното неколкумесечно функциони­рање се покажа како најголем проблем, кој и натаму гоотежнува одвивањето на голем број од активностите наФИНКИ.Согласно со досегашните разгледувања и планови,како најсоодветна е опцијата да се изгради нова зградаво рамките на техничко­технолошкиот кампус. Ворамките на овој кампус има државно неизградено зем­јиште кое е урбанизирано и може веднаш да се почнесо изградба. Веќе се водени повеќе разговори на оваатема и има согласност од МОН и од Ректоратот.За решавање на овој наш најголем проблем ќе сеискористат сите можни начини на финансирање, какошто е финансирање од страна на државата, изградбана зграда со јавно­приватно партнерство, донацииили, пак, комбинација од овие различни модели.Во периодот додека да се изгради нова зграда ќе севложат напори за создавање на соодветни услови затековното функционирање на ФИНКИ. Во тек се ак­тивностите за реновирање на простории за Деканат ислужби на ФИНКИ, како и просторија за сместувањена суперкомпјутерот. Дополнително ќе биде потребнода се направи адаптирање на дел од училниците наТМФ и нивно опремување со електронски табли.

НАСТАВНА ДЕЈНОСТНаставата е една од нашите основни дејности. Неј­зиното квалитетно изведување директно влијае наимиџот на ФИНКИ и на неговата позиција во околи­ната. Квалитетната настава ќе претставува посебенпредизвик, пред сѐ поради големите уписни квоти.Поради ова, ќе биде посветено големо внимание накреирање на услови за висококвалитетно изведувањена наставата. Во таа насока ќе биде донесен Правил­ник за распределба и квалитет на наставата, кој ќе сти­мулира квалитетно изведување на наставата. ОвојПравилник заедно со Правилникот за плати ќе требада бидат рамката која ќе гарантира високо ниво наквалитет.Покрај ова, ќе бидат дефинирани и правила за на­чинот на пишување и квалитетот на дипломскиот,магистерскиот и докторскиот труд кои ќе треба да гоодделат ФИНКИ од конкуренцијата во Македонија,односно ќе дефинираме правила кои се во согласностсо квалитетот кој се бара на подобрите европски иамерикански универзитети.Додипломскистудии (првциклус)Додипломските студии се нашата основна дејносткоја е финансирана од МОН. Покрај ова, првиот цик­лус на студии е местото каде што ќе го создаваме када­рот кој понатаму треба да го продолжи своето образо­вание на втор и трет циклус пред сѐ на Факултетот.Поради ова, на првиот циклус ќе му биде посветено

посебно внимание. На ова поле ни претстои огромнаработа во насока на консолидирање на постојните сту­диски програми во поглед на наставните содржини.Врз основа на интересот на студентите, од оваа учебнагодина ќе се направат потребните подесувања и про­мени за квотите за наредната учебна година.Во поглед на студиите од прв циклус би вовеле сис­тем на евалуација на атрактивноста на студиските про­грами кој би ни овозможил да направиме преценки запотребите од нивна промена.Рамката на студирање ќе треба да ја направимемногу флексибилна, така што ќе ни овозможи на нај­оптимален начин да ја покриваме наставата. Вакватаоптимизираност ќе треба да овозможи ефикасно ко­ристење на професорските и соработничките потенци­јали.По почетокот на школската година, ќе биде поба­рана акредитација на студиска програма на која наста­вата ќе се изведува на англиски јазик.Фактот што ФИНКИ има голем број професори нидава можност да имаме голем број на изборни предме­ти и со тоа да им се овозможи на студентите самите даможат да си го креираат својот профил во согласностсо нивните афинитети и интереси. Во оваа насока веќесе креирани одреден број на профили. Идејата е дапостои едноставна постапка за предлагање на новипрофили.Магистерскистудии (вторциклус)Моментално магистерските студии се финансираатсамо приватно и се дел од кој може да се остваруваприход на Факултетот. Овие студии, поради нивнотократко траење, се многу флексибилни и треба да секористат за брзо приспособување на потребите на па­зарот.Во таа насока ќе треба да се разгледаат можноститеза креирање на нови студиски програми врз основа напотребите на пазарот. Како една од областите која мо­ментално не е покриена со нашите магистерски сту­диски програми, а има интерес за неа, се магистерски­те студии во областа на менаџментот наинформациони системи и проекти. Исто така, постојати повеќе други интердисциплинарни области каде штозаедно со некој друг факултет можат да се креираатизвонредно атрактивни студиски програми.За да се гарантира ниво на квалитет на магистер­ските работи, ќе биде донесен посебен правилник.Докторскистудии (третциклус)Главниот предизвик ќе биде да се заврши процесотна акредитација на докторските студии и да се започнесо настава од оваа учебна година.Ќе биде направен и Правилник за квалитетот надокторските студии, кој ќе треба да ги смести нашитедокторанди во рангот на најдобрите странски универ­зитети.За подобрување на квалитетот на докторските сту­дии, ќе се направат напори за вклучување на странскипрофесори во наставните програми, како предавачи икако ментори.ОдносконстудентитеДефинирајќи ги студентите како партнери, ќе би­дат дефинирани правила според кои ќе треба да сеоднесуваме со студените. Правилата ќе бидат во со­гласност со последните промени во Законот за високо­то образование, дополнети со други правила и потребикои ги имаат студентите, како на пример: правила за

Page 19: Univerzitetski vesnik br. 123

19универзитетски весник - број 1 23

временските рокови за објавување на резултати, начи­ните за организација на консултациите или ментор­ствата на дипломските работи и сл.ДавањеакцентнапретприемаштвотоЕдна од целите која би сакал да ја постигнеме е даги подготвиме студентите за она што значи почнувањена свој бизнис. Идејата е една работа, меѓутоа реализа­цијата на идејата сосема друга. Кога ќе ја реализираме,тогаш имаме иновација која вистински постои, а тојчекор како поттик фали – да се стигне од идеја до ино­вација. Во оваа насока ќе им се посвети посебно вни­мание на курсевите за менаџмент, бизнис и прет­приемаштво.Исто така, со задоволство може да се констатирадека во Македонија веќе има неколку успешни приказ­ни, што ми дава за право да верувам дека ова е оствар­лива идеја. Па, во оваа насока ќе ги поканиме луѓетокои успеале, да го споделат своето искуство и знаењесо нашите судените.ФИНКИ треба да биде моторот кој македонскатаИТ­индустрија ќе ја трансформира од индустрија којаглавно работи за домашниот пазар или по лон­систем,во индустрија која прави сопствени продукти.Во оваа насока ќе биде поведена иницијатива закреирање на технолошки парк во кој ќе биде сместенинкубатор за нови компании.

СТУДЕНТИ, СТУДЕНТСКИ ОРГАНИЗАЦИИ ИСТУДЕНТСКИ ЖИВОТ

Студентите се нашите партнери. Ние заедничкитреба да го градиме ФИНКИ во организација која ќеовозможи успешни студенти, а со тоа и успешни про­фесори.Активностите во поглед на студентите на почетокотќе бидат да се формира Студентски парламент, кој ќепретставува реален претставник на студентите. ПокрајСтудентскиот парламент, во рамките на своитеможности, Факултетот ќе ги подржува и поттикнува идругите форми на студентското организирање. Ќе имбиде дадена поддршка на студентските активности иманифестации, како што се универзитетски спортскинатпревари, бруцошки забави, апсолвентски веселби.Ќе се формира Фонд за наградување на студентитепреку кој Факултетот ќе се залага за спонзорства иматеријална поддршка на најдобрите студенти, нивнонаградување, промоција и помагање во почетокот нанивната кариера.Ќе се стимулира учеството на студентите во научно­истражувачката работа и посебно внимание ќе се по­свети на презентирање на постигнатите резултати надомашните и на меѓународните конференции.Ќе се формира Центар за нови студенти, кој интен­зивно ќе работи во насока на привлекување нови сту­денти и нивно организирано прифаќање, информира­ност и помош.Ќе се креираат услови на студентите да им се пону­ди стекнување на светски познати сертификати ворамките на наставата, преку CISCO NetworkingAcademy, Microsoft ИТ­академијата, како и другивидови на академии.Службата за студентски прашања е еден од најваж­ните сегменти на комуникацијата факултет ­ студенти.Затоа, функционирањето на Студентската служба ќе сетретира со висок приоритет и нејзе ќе ѝ се посвети

сериозно внимание. Ќе биде вложен напор речиси ситепотребни сервиси кон студентите да бидат во елек­тронска форма и притоа да се сведе на минимум по­требата студентот да доаѓа во просториите на Студент­ската служба. Сите овие активности ќе бидат во насокана заштеда на студентското време и зголемена ефикас­ност на службите.СтипендиизанајдобритеФИНКИ е факултет за најдобрите студенти. Во оваанасока, Факултетот ќе им даде целосна поддршка нанајдобрите матуранти, со тоа што ќе им овозможи бес­платно студирање на сите матуранти кои имаат освое­но прва, втора или трета награда на некој од државни­те натпревари по информатика, математика и физика,како и на сите кандидати кои ќе освојат прва, втораили трета награда на меѓународен натпревар од иститеобласти. Стипендијата важи за сите студиски години,доколку притоа студентите имаат просек над 9,00, и навреме ги завршуваат студиите.Покрај доделувањето на стипендиите, Факултетотпланира да има континуирана соработка со овие нај­добри студенти кои ќе бидат негови стипендисти прекуовозможување тие да бидат директно ангажирани воизведувањето на наставата како демонстратори, кои биим помагале и би споделувале знаење со останатитеколеги.

СТУДЕНТСКИ СЕРВИСИВо контекст на користењето на ИТ во едукацијата,ФИНКИ ќе понуди современи системи за следење нанаставата преку далечинско учење и веб­достапност наматеријали, дискусии, новости и соопштенија. Истотака, интензивно ќе се користат и сервисите за Е­тестови, Е­анкети и Е­оценување. Ќе бидат развивании мобилни верзии на сите овие сервиси за да имовозможиме на нашите студенти постојан контакт соФакултетот. Една од првите цели ќе биде креирање наелектронски сервиси за консултации и контакт меѓустудентите и професорите. Ова ќе биде неопходно предсѐ поради дистрибуираноста на Факултетот на повеќелокации. Ќе биде направен видеосервис каде штопрофесорите ќе можат да ги публикуваат своитепредавања и со тоа да им овозможат на студентите даги следат снимените предавања.

СОРАБОТКА СО СТОПАНСТВОТОФИНКИ веќе има воспоставено соработка со пого­лем број на домашни ИТ­компании, па целта вонаредниот период ќе биде оваа соработка да сепрошири на речиси сите ИТ­компании во Македонијаи, се разбира, да се воспостави соработка со значајнистрански ИТ­компании.Една од главните идеи е да се креираат кадри коиќе имаат доволно специјализирано практично знаењеза да можат веднаш да почнат со работа на реалнипроекти во компаниите. Во оваа насока, соработката ќесе одвива преку директно вклучување на компаниитево креирањето на студиските програми, потоа прекунивно учество во изведувањето на наставата на дел одизборните предмети каде што експерти од ИТ­индустријата би им предавале на студентите затехнологии кои тие ги користат. Вториот начин на

Page 20: Univerzitetski vesnik br. 123

20 универзитетски весник - број 1 23

соработка е преку семинарски и дипломски работи коисе предложени од самите компании, на теми на коитие тековно работат. И, се разбира, тука не треба да гозаборавиме и изведувањето на практиката којастудентите задолжително ја изведуваат во рамките наИТ­компаниите.Покрај ова, ќе се поттикне продолжувањето натрендот за учество во програмата за поттикнување ипомагање на технолошкиот развој од Министерствотоза образование и наука. За ваквите проекти ќе се обез­беди соодветна просторна и техничка помош од странана ФИНКИ, како и правна помош во поглед на стекну­вање на соодветни авторски права и права на индус­триска сопственост.Исто така, на компаниите ќе им се понудат поволниуслови за да се започнат билатерални развојно­истра­жувачки проекти финансирани од компаниите, кои ќеим овозможат пристап до најновите технологии, какои можност на нивните проекти да работат најдобритемагистранди и докторанди.За да се стимулира работата на проекти, ќе се на­прават правилници за распределба кои ќе стимулира­ат работење на проектите преку факултет.

ФИНАНСИРАЊЕФИНКИ ќе биде факултет на кој ќе може квалитет­но да се работи и да се заработи.Приходите на ФИНКИ ќе доаѓаат од два извора: одбуџетот на Република Македонија и од сопствени при­ходи. Една од фундаменталните задачи во работата наФИНКИ ќе биде зголемување на приходите, со целинвестирање во опрема и простор на Факултетот и зго­лемување на платите на вработените. Дел од механиз­мите за зголемување на приходите ќе бидат: зголему­вање на националните и на меѓународните проекти;привлекување на донации и спонзорства од фондови,институции и компании; зголемување на бројот настуденти на додипломските студии; зголемување набројот на студенти на постдипломските студии.При ова ќе се води посебна сметка во поглед на ба­лансот на квантитетот и квалитетот на наставата. Ква­литетот е нашата највисока цел и тој ќе биде во првплан пред зголемувањето на финансиите.

ПОЗИЦИЈА ВО РАМКИТЕ НАУНИВЕРЗИТЕТОТ И СОРАБОТКА СОФАКУЛТЕТИТЕ

Основна цел на ФИНКИ во рамките на УКИМ ќебиде да се наметне како матичен факултет од областана ИТ. Имањето на ICT, како матична дејност наФИНКИ, му дава извонредно добра позиција на Фа­култетот во поглед на соработката со останатите фа­култети од Универзитетот. Во оваа насока, од страна наФИНКИ ќе се иницира креирање на заеднички студис­ки програми и соработка на научноистражувачки про­екти со повеќе факултети од УКИМ.Во поглед на соработката, посебно место ќе имаатдвата факултета ­ ПМФ и ФЕИТ. Во наредниот периодќе има интензивни разговори и преговори кои ќе сеодвиваат врз основа на веќе усвоената платформа запреговори.

НАУКА И МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКАФИНКИ во овој почетен период ќе треба да се етаб­лира и надвор од границите на Македонија. Во оваанасока ќе биде потребно сите вработени на ФИНКИ даги искористат своите контакти за промоција на Факул­тетот.За зајакнување на меѓународната позиција ќе сенаправат обиди за креирање на заеднички студискипрограми со странски универзитети.Посебен акцент во нашата меѓународна соработкаќе биде ставен на соработката со нашите Македонцикои работат на странски универзитети. Идејата е нивда им се дадат насловни звања (согласно со установе­ната практика) и да се обврзат при нивното доаѓање воМакедонија да одржат одредени курсеви, или да одр­жат делови од курсеви кои се држат на ФИНКИ. Наовој начин ќе се овозможи искуствата и предавањатаод странските универзитети да бидат достапни и застудените на ФИНКИ, а дополнително на овој начинби се одржувал контактот и би се промовирал ФИНКИ.Врз основа на остварените приходи, ќе се финанси­раат научни проекти на вработените. Дополнително,Факултетот ќе партиципира во котизацијата за учествона меѓународни конференции и покривање на дел одпатните трошоци.Факултетот ќе гради политика на финансиска под­дршка на нашите вработени кои се магистранди идокторанди за покривање на дел од трошоците нанивните студии на ФИНКИ.Ќе се поддржува ICT Innovations­конференцијата, иво оваа насока заедно со ICT­ACT ќе се поведе иници­јатива за издавање на научни списанија. Идејата е дасе стартуваат две списанија ­ првото, чија цел ќе бидеда прерасне во висококвалитетно и меѓународнопрепознатливо списание, а второто, пак, би ималоповеќе локален карактер и би било наменето запубликување од страна на студентите, односнопубликување на научните достигнувања пред сѐ однивните магистерски работи.Ќе се направат напори за добивање на институцио­нален пристап до дигиталните библиотеки кои сезначајни за ICT.Ќе се формира екипа која ќе помага во пишувањетои администрирањето на европските и домашните про­екти. Оваа екипа ќе придонесе професорите да се кон­центрираат на научната дејност, а целата администра­тивна работа да биде преземена од соодветните служ­би.

РАБОТНА СРЕДИНА, СПОРТСКИ И КУЛТУРНИАКТИВНОСТИ

Согледувајќи го значењето на социјалниот живот идружењето, а посебно имајќи ги предвид организацис­ките способности на дел од нашите колеги за ваквинастани, ФИНКИ ќе даде и институционална поддрш­ка за продолжување и интензивирање на овие актив­ности. Покрај ова, ќе бидат организирани и разниспортски активности за наставничкиот и соработнич­киот кадар. Овие активности ќе овозможат да продол­жи дружењето на спортски и културно­забавни актив­ности во и надвор од Факултетот.

Page 21: Univerzitetski vesnik br. 123

21универзитетски весник - број 1 23

Од 25 до 27 октомври 2011година, Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ беше домаќинна дводневен координативен со­станок и промотивна кампања наконзорциумот на заедничката про­грама за мобилности JoinEU­SEE,на кој учествуваа претставници одследните ЕУ­универзитети ­ парт­нери: Универзитетот во Грац –координатор на проектот, Австрија,Универзитетот Масарик во Брно,Чешка, Универзитетот во Болоња,Италија, Универзитетот во Грана­да, Шпанија, Универзитетот воГронинген, Холандија, Универзи­тетот во Лувен, Белгија, Универзи­тетот во Марибор, Словенија, Уни­верзитетот во Турку, Финска, Вил­ниус универзитетот, Литванија, иследните универзитети ­ партнериод регионот на Западен Балкан:Универзитетот во Бања Лука, Боснаи Херцеговина, Универзитетот воМостар, Босна и Херцеговина,Универзитетот во Тузла, Босна иХерцеговина, Универзитетот воБелград, Србија, Универзитетот воНови Сад, Србија, Универзитетот воПодгорица, Црна Гора, Универзи­тетот во Приштина, Косово, Уни­верзитетот во Тирана, Албанија иУниверзитетот во Задар, Хрватска.Целта на координативниотсостанок на партнерите од конзор­циумот на заедничката програма замобилност JoinEU­SEE беше по патна дискусија и заедничко усогла­сување да се разгледаат релевант­ните прашања поврзани со импле­ментацијата на JoinEU­SEE I, II иIII.Агендата на состанокот ги оп­фаќаше следните аспекти поврзанисо успешната имплементација напрограмата: подготовка на финал­ни финансиски извештаи за реали­зирани активности во рамки наJoinEU­SEE I и II, подготвителниактивности за конкурсот за апли­цирање во рамки на JoinEU­SEEIII, распределба на расположли­виот буџет за мобилности помеѓупартнерите, финансиски менаџ­мент, обезбедување на квалитет инови правила во имплементацијатана JoinEU­SEE III.

Согласно со наведените точкиод агендата за координативниот со­станок, присутните претставницина универзитетите ­ партнеридискутираа за различни прашањаповрзани со имплементација намобилностите на студентите иодлучуваа по прашања поврзани софинансиското менаџирање напрограмата.Голем дел од дискусијата накоординативниот состанок бешепосветена на JoinEU­SEE III, која,од страна на Европската комисија,доби финансирање на стипендиина студенти, академски и админи­стративен кадар за академската2012/2013 година. Координаторотна програмата, Универзитетот воГрац, ги информираше присутнитепартнери за измените во правилатаза имплементација на програмата изаеднички беа утврдени критериу­мите, правилата и процедурата зааплицирање и селекција на канди­датите кои ќе поднесат апликациина конкурсот, кој треба да биде об­

јавен на 8 ноември 2011 година.По завршувањето на координа­тивниот состанок, на 26 и 27 ноем­ври беа одржани промотивни нас­тани пред студентите и наставни­ците на Филозофскиот факултет,Природно­математичкиотфакултет, Машинскиот факултет,Технолошко­металуршкиотфакултет и ФЕИТ.Целта на промотивните настанибеше подетално и директно запоз­навање на студентите со можности­те за стипендии кои програмата замобилност JoinEU­SEE III ги нуди.Претставникот на координаторотна програмата од Универзитетот воГрац, ја презентираше програматапред присутните студенти и наста­вен кадар, објаснувајќи ги видовитена стипендии кои се нудат, целнитегрупи кои се опфатени со конкурсотза аплицирање, процедурата зааплицирање и потребните доку­менти.

ИИЗЗВВЕЕШШТТААЈЈ ООДД ККООООРРДДИИННААТТИИВВННИИООТТ ССООССТТААННООКК ИИППРРООММООТТИИВВННААТТАА ККААММППААЊЊАА ННАА ККООННЗЗООРРЦЦИИУУММООТТННАА ЗЗААЕЕДДННИИЧЧККААТТАА ППРРООГГРРААММАА ЗЗАА ММООББИИЛЛННООССТТИИ

JJOOIINNEEUU--SSEEEE

ППРРИИММЕЕ-СТУДИЈА ЗА РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА ЕРАЗМУС-ПРОГРАМАТА ИПРИЗНАВАЊЕТО НА СТУДИИ

(PPRRIIMMEE PPrroobblleemmss ooffRReeccooggnniittiioonn IInn MMaakkiinngg EErraassmmuuss)

ААввттооррии ннаа ссттууддиијјааттаа::ММааддаарраа ААппссааллооннее ((MMaaddaarraa AAppssaalloonnee))

оодд ЛЛааттввиијјаа,ТТооммаасс ББоорртт ((TToommaass BBoorrtt))

оодд ЧЧеешшккаа РРееппууббллииккаа,ССттееффаанн ФФееддттиихх ((SStteeffaann FFiieeddrriicchh))

оодд ААввссттрриијјаа,ТТооннии ФФииллооннии ((TToonnii FFiilloonnii))

оодд ИИттааллиијјаа,ЈЈууллиијјаа ППееннии ((JJuulliiaa PPeennnnyy))

оодд ААввссттрриијјаа ииДДааффннее ШШеерреерр ((DDaapphhnnee SScchheerreerr))

оодд ИИттааллиијјаа//ДДааннссккаа.

((ТТрреетт ддеелл)) 3.4. Признавањенаис­пититеположенивостранство3.4.1. Процедуризапод­готовканадоговорза студирањеипроцесотнапри­знавање

Според Водичот за ЕКТС,претставниците на инволвира­ните страни во потпишувањетона договорот за студирање требада имаат овластување за приз­навање на положените испитиво странство. Затоа овој дел одПРИМЕ­студијата детално сефокусира на процесот на прего­варање, на вклучените страни ипотпишувањето на договорот за

Page 22: Univerzitetski vesnik br. 123

22 универзитетски весник - број 1 23

студирање. На крајот, исто така е разгледано и влија­нието на тие фактори врз признавањето.Високообразовните институции и факултети коиучествуваа во ПРИМЕ­ истражувањето беа запрашанида ги набројат сите страни вклучени во потпишување­то на договорот за студирање.Според податоците, главните страни кои заедноодлучуваат за предметите во договорот за студирањесе студентите и факултетските/академските координа­тори. Кај 55,5% од универзитетите/факултетите вклу­чени во ПРИМЕ, Еразмус­студентите имаат можностда ги изберат своите предмети. Згора на тоа, кај 17,7%од институциите, студентите одлучуваат за бројот нанивните кредити. Координаторите на факултетите севклучени во одлучувањето за предметите и бројот накредити во 47,9% и 32,8% од институциите, соодветно.Професорите, деканите и продеканите најчесто заедноодлучуваат за предметите, додека Еразмус­координа­торите и координаторите за меѓународна соработкаили персоналот на канцелариите за меѓународна сора­ботка се повеќе вклучени во одлуките околу бројот накредити во договорот за студирање.Академските координатори и координаторите нафакултетите најчесто се лицата кои се задолжени запризнавање на мобилностите реализирани во рамкитена Еразмус (во скоро 43% од високообразовните ин­ституции кои учествуваа во ПРИМЕ). Деканите, проде­каните и шефовите на катедри и студиски програмизаедно учествуваат во процесот на признавање во46,2% од случаите. Координаторите и канцелариите замеѓународна соработка се помалку вклучени во проце­сот на признавање по враќањето на студентот отколкуво процедурите околу договорот за студирање предзаминувањето на студентот (16% споредено со 16% или21,8% одговорни за донесување на одлуки за предме­тите или кредитите, соодветно). Околу 12% од високо­образовните институции и катедри исто така вклучу­ваат и професори. Само мал број на универзитети фор­мираат специјални одбори за признавање.Еразмус­студентите кои одговараа на ПРИМЕ­пра­шалникот имаа различен став околу тоа кои страни севклучени во претходно споменатите процеси од инсти­туциите.Координаторите за меѓународна соработка, врабо­тените во канцелариите за меѓународна соработка иЕразмус­координаторите во матичните институции сепосочени од страна на најголемиот број на испитаницикако одговорни за потпишување на договорот за сту­дирање (76%) и признавање на испитите (63%). Споредстудентите, шефовите на студиските програми билевклучени во потпишувањето на 33,3% од договорите застудирање и нешто повеќе во процесот на признавање(35%). Деканите и специјалните одбори за признавањеглавно се посочени како учесници во процесот напризнавање, а не во процесот на потпишување на до­говорот за студирање. Една од причините за малатавклученост на студентите е всушност фактот што такваопција не беше понудена како стандардно прашање вопрашалникот. Само мал број на студенти се посочилесебеси како една од страните. Слично, универзитетите­домаќини – и покрај тоа што се една од главните стра­ни на договорот за студирање – скоро и не беа спомна­

ти бидејќи тие немаат директно влијание врз процесотна признавање.Можат да се идентификуваат неколку причини заваквите разлики во гледиштата на студентите и инсти­туциите. Прво, споредбата можеби е пристрасна бидеј­ќи само 82% од испитаниците беа студенти од универ­зитетите кои учествуваа во истражувањето на ПРИМЕ.Остатокот од одговорите беше добиен од студенти оддруги универзитети кои можеби имаат поразличнипроцедури. Дополнително, практиката со признавање­то изгледа дека значително се разликува помеѓу фа­култетите на секој универзитет. Ова значи дека кон­статацијата за канцелариите за меѓународна соработканема да се однесува за целиот универзитет, а со тоа несоодветствува со сите одговори на студентите од ис­тиот универзитет.Другата причина е можеби таа што студентите беаглавно прашани за потпишувањето на договорот застудирање, додека универзитетите беа повеќе испра­шувани за вклучените страни во процесот на одлучу­вање за договорот за студирање. Исто така е многуверојатно студентите да биле во близок контакт совработените во канцелариите за меѓународна соработ­ка или со Еразмус­координаторите кои последовател­но биле вклучени во процесот на признавање во имена студентите.Дополнително, одговорите добиени од страна наЕразмус­студентите откриваат дека страните вклучении во потпишувањето на договорот за студирање и вопризнавањето на испитите се идентични во скоро по­ловина од случаите (45,2%). 28,5% од студентите одго­вориле дека некои од вклучените страни биле исти,додека другите учествувале само во еден од двата про­цеса. Во 26,3% од случаите, ниту една од странитевклучена во потпишувањето на договорот за студира­ње не била вклучена во процесот на признавање.Анализата на ПРИМЕ откри само мала поврзаностпомеѓу нивоата на студиските програми кои треба дасе признаат и страните вклучени во процесот. Студен­тите кои со истите страни соработувале за потпишува­њето на договорот за студирање и за признавањето наположените испити имаат нешто подобри резултативо процесот на признавање од оние што морале да со­работуваат со сосема различни страни во секоја фазаод процесот.Најголемата разлика во видувањата на студентитеи универзитетите се однесува на вклученоста на ко­ординаторите за меѓународна соработка и Еразмус­ко­ординаторите. Студентите, за разлика од универзите­тите и факултетите, ги посочиле нив како важна стра­на во процесот.

3.4.2.КонцептотнацелоснопризнавањеВо Еразмус­универзитетскиот чартер е нагласенодека Еразмус­студентите треба да очекуваат целосноакадемско признавање на стекнатите кредити за времена нивниот Еразмус­престој од страна на нивната ма­тична институција, согласно со нивниот договор застудирање. Сепак, ПРИМЕ­истражувањето покажувадека само 66,3% од Еразмус­студентите со валиден до­говор за студирање потпишан пред нивното заминува­

Page 23: Univerzitetski vesnik br. 123

23универзитетски весник - број 1 23

ње добиле целосно признавање на нивните испити.29,7% од Еразмус­студентите кои имале валиден дого­вор за студирање добиле делумно признавање и 3,9%не добиле никакво признавање. До кој степен е напра­вено признавање било пресметано преку споредба насоодносот на бројот на признати кредити и бројот накредити наведени во договорот за студирање.61,5% од погоре споменатите испитаници добилецелосно признавање, додека 4,8% добиле повеќе одцелосно признавање, односно нивниот договор за сту­дирање содржел помалку кредити од бројот на креди­ти кои на крајот биле признати од страна на матичнатаинституција.Ова може да се објасни на два начина. Или матич­ната институција признала дополнителни курсеви коистудентот ги реализирал во текот на својот престој на­спроти оние договорени во договорот за студирање,или пак матичната институција и институцијата­дома­ќин користеле различни кредитни системи и транс­ферните стапки биле различно пресметани за догово­рот за студирање и за самиот процес на признавање.56,7% од Еразмус­студентите кои изјавиле дека добилесамо делумно признавање или не добиле никакво, се­пак добиле признавање на повеќе од 2/3 од нивнитекредити.Високообразовните институции кои учествуваа воПРИМЕ беа исто така запрашани за процентот на нив­ните студенти кои реализирале студиски престој востранство и кои добиле целосно признавање. 31,3% одстудентите кои реализирале студиски престој во стран­ство доаѓаат од институции каде што сите студентидобиле целосно признавање, додека 45,6% од институ­ции кои даваат целосно признавање на 81%­99% настуденти. Само 4,2% од студентите кои реализиралестудиски престој во странство доаѓаат од универзитетикои учествуваа во студијата ПРИМЕ каде што нитуеден студент не добил целосно признавање.Според одговорите добиени од универзитетите, вопросек 75,7% од нивните студенти кои реализиралестудиски престој во странство можат да очекуваат дадобијат целосно признавање. Тоа е приближно 10%повеќе од она што беше осознаено преку анализата наЕразмус­ студентите со валиден договор за студирање.Не може да се констатира дали универзитетите го по­сочувале признавањето на кредити на сите студентикои реализирале студентска мобилност или само наоние со валиден договор застудирање.Со цел да се добие целоснаслика за признавањето на ис­пити и да се дознае дали кон­цептот на целосно признавањее сфатен на сличен начин, сту­дентите беа запрашани да да­дат одговор на следново пра­шање: „По враќањето, далиморавте да посетувате курсевиили да полагате испити на ва­шата матична институција коивообичаено требаше да ги слу­шате или полагате доколку неотидевте на студиски престој

во странство?“ Изненадувачки, корелацијата помеѓудвете променливи беше пониска од очекуваното, нозначителни разлики беа пронајдени во просечнатастапка на признавање со направената споредба помеѓустудентите кои морале и оние кои не морале да пола­гаат испити по нивното враќање.Мнозинството од Еразмус­испитаниците со вали­ден договор за студирање добиле целосно признавањеи не морале да посетуваат дополнителни курсеви илида полагаат испити по враќањето во нивната матичнаинституција. Спротивно, оние што не добиле призна­вање морале да посетуваат курсеви и/или да полагаатиспити. Истовремено, 5,4% од Еразмус­студентите совалиден договор за студирање и добиено целосно при­знавање морале да ги посетуваат сите курсеви и да гиполагаат сите испити кои нормално би ги слушале иполагале доколку не учествувале во некоја програма застудентска мобилност. Најчестата спомнувана причи­на беше некомпатибилноста на студиските програми ипредмети. Некои од студентите посочиле дека универ­зитетите ги признаваат положените предмети востранство како изборни, или едноставно ги додаваатво додатокот на дипломата, а студентот мора да ги по­ложи сите испити кои нормално би ги полагал наматичната институција.Значи, понекогаш концептот на целосно признава­ње може да биде контроверзен и различно сфатен одстрана на студентите и универзитетите. Иако постоимеѓународна стандардизирана форма на договор застудирање предложена од страна на Европската коми­сија, процесот на признавање останува во целосна од­говорност на универзитетот или факултетот и за тоа непостојат упатства и предлози.

3.4.3. ГлавнипредизвицивопроцесотнапризнавањеСо цел подетално да се разгледаат причините занедобивање на целосно признавање, студентите коиучествуваа во ПРИМЕ­ истражувањето беа запрашанида ги набројат главните проблеми со кои се соочиле.Околу една третина од сите студенти (32,6%) посочилепроблеми со признавањето на предметите. Од нив,26,8% ги навеле нивните индивидуални проблеми.Според податоците, во 26,1% од случаите, главнатапричина била некомпатибилноста на студиските про­грами на матичната и институцијата­домаќин. 15,0%од студентите кои се соочиле со проблеми изјавиле

СТУДИЈАТА Е РЕЗУЛТАТ НА РАБОТАТА НА ГОЛЕМ

БРОЈ МОТИВИРАНИ СТУДЕНТИ И ЧЛЕНОВИ НА

МРЕЖАТА НА ЕРАЗМУС-СТУДЕНТИ ОД ЦЕЛА

ЕВРОПА. ИНИЦИЈАТОРИ НА ПРОЕКТОТ ПРИМЕБЕА ЏОРЏИО МАРИНОНИ (GIORGIO MARINONI )ОД ИТАЛИЈА И МАТИЈАС ФЕНЕР (MATTHIASFENNER) ОД ШВАЈЦАРИЈА, И ДВАЈЦАТА

ПОРАНЕШНИ ПРЕТСЕДАТЕЛИ НА МРЕЖАТА НА

ЕРАЗМУС-СТУДЕНТИ.

Page 24: Univerzitetski vesnik br. 123

24 универзитетски весник - број 1 23

дека непризнавањето било поради различни системиза пресметување на кредитите. Околу 11% се соочилесо организациски проблеми или на матичната или наинституцијата­ домаќин. Други важни причини пора­ди кои било добиено само делумно и никакво призна­вање се однесувале на фактот дека само одреденипредмети не биле признати. Студентите исто така по­сочиле дека во одредени случаи, матичната институ­ција или професори одбиле да ги признаат положени­те испити во странство per se. 2,4% не посочиле некојаодредена причина и 3,0% од студентите кои не добилепризнавање биле сé уште ангажирани околу процесотна признавање на нивните предмети.Една од главните причини за недобивање на целос­но признавање биле проблемите предизвикани одстрана на самите студенти. Во скоро половина од слу­чаите, целосно признавање не било можно бидејќистудентите или не го положиле испитот или не добилезадоволителна оценка. 21,9% од студентите навелелични причини поради кои не добиле целосно призна­вање – тие често земале дополнителни предмети коине биле договорени или барани во договорот застудирање бидејќи веќе ги имале сите потребни креди­ти. Студентите земале други предмети кои повеќе имодговарале на нивните интереси, или во одреденислучаи, да ги исполнат барањата наложени со добива­њето на стипендијата. 11,4% од студентите со личнипроблеми не положиле доволно испити во странствоза да ги исполнат барањата по семестар или академскагодина на нивната матична институција.Некои од нив не ги положиле сите потребни испи­ти, додека другите, пак, немале доволно време да по­ложат толку многу испити како на нивниот матиченуниверзитет. 10,9% од студентите исто така избралеразни предмети во нивен интерес, најверојатно порадитоа што биле заинтересирани за предметите кои небиле понудени на нивната матична институција или,пак, бидејќи одлучиле да ја реализираат својата Ераз­мус­мобилност на универзитет кој нема соодветна сту­диска програма. 3,5% од студентите не сакале ситенивни испити да бидат признати бидејќи се надевалена нивно преполагање за добивање на подобра оценкана нивниот матичен универзитет. 4,9% од студентитеимале проблеми поврзани со јазикот на кој се изведу­вале предавањата.26,1% од испитаниците кои се соочиле со проблемипри признавањето изјавиле дека не добиле целоснопризнавање поради некомпатибилноста на студискитепрограми. Генерално, во повеќето случаи беа спомна­ти различните студиски програми. Сепак, некои од ис­питаниците се соочиле со тешкотии во споредбата насодржината на предмети со сличен наслов, нивото иквалитетот на студиите или различните наставни ииспитни методи. Во некои од случаите, институцијата­домаќин не им дозволила на студентите да слушаатодредени предмети бидејќи тие имале задолжителнипредуслови. Други од испитаниците посочиле декапредметите понудени на институцијата­домаќин небиле доволно квалитетни и поради тоа матичниот уни­верзитет одбил да ги признае.Разликите помеѓу системите за пресметување накредитите биле проблем за 15%. Често студентите билезбунети од пресметувањето на кредитите од локален

или национален кредитен систем во ЕКТС­кредити иобратно. Кредити на слични предмети биле различнопренесени во ЕКТС од страна на матичната и институ­цијата­домаќин. На крајот, студентите добиле помалкукредити од очекуваното за истите предмети. Во некол­ку случаи, истите предмети имале различен број накредити во матичната и институцијата­домаќин и нај­често матичната институција одбивала да даде при­знавање на тие предмети. Слично, некои предмети би­ле дел од поголеми модули на едната институција, до­дека на другата биле понудени одделно. Мал број настуденти посочиле проблеми кога матичната институ­ција не користела никаков систем на кредити што во­дело до големи тешкотии во признавањето на предме­тите.11% од погоре споменатите проблеми беа резултатна организациските специфичности на матичната и/или институцијата­домаќин. Често, универзитетот­до­маќин доцна ги обезбедувал информациите за студис­ките програми, нивниот опис итн. Ова резултирало вопромени на договорите за студирање на студентитекои реализирале студентска размена. Некои од курсе­вите биле откажани или биле променети. Некои одинституциите­домаќини доцнеле со издавањето напрепис на оценки за студентот на матичнатаинституција. Што се однесува до матичнитеуниверзитети, главните организациски проблеми билеповрзани со недостатокот на информации инеефикасноста во работата на координаторите иканцелариите за меѓународна соработка.Студентите кои навеле организациски проблемичесто добивале помалку информации за процедуритена признавање споредено со остатокот од примерокот.Повеќе од половина од студентите кои се соочилесо организациски проблеми добиле многу малку ин­формации за признавањето на предметите, додека 13%добиле доволно информации. Споредено со другитестуденти, скоро половина од нив добиле доволно илискоро доволно информации и само 15% посочиле декадобиле многу малку. Истовремено, обемот на инфор­мации за признавање на предметите во принцип не гоодредува степенот на признавање кое студентот ќе годобие за неговите предмети од странство. Можниобјаснувања се дека вклученоста на студентот во про­цесот на признавање е незначајна и дека исходот мно­гу повеќе зависи од универзитетот.Секој единаесетти од испитаниците (9%), кои посо­чиле проблеми со признавањето, имале тешкотии сопризнавањето на одредени предмети. Два вида напредмети биле најпроблематични за студентите – ја­зичните предмети и задолжителните предмети вонивните студиски програми на матичната институција.За да имаат придобивки од единствената можност даизучуваат странски јазик во земја каде што тој јазик емајчин, често студентите земаат предмет странски ја­зик, кој подоцна матичната институција не го призна­ва. Според коментарите на студентите, тие во многумал број на случаи биле информирани дека може даима проблеми околу признавањето на таквиот пред­мет. Тие исто така се соочиле со проблеми при призна­вањето на предмети кои нормално би биле задолжи­телни во нивната студиска програма на матичната ин­ституција. 3% од испитаниците со проблеми при при­знавањето дури веруваат дека нивната матична инсти­

Page 25: Univerzitetski vesnik br. 123

25универзитетски весник - број 1 23

туција или нивните професори во принцип се противпризнавање на компетенции стекнати во странство.Универзитетите не го вреднувале квалитетот на стек­натите компетенции на други институции и често про­фесорите ги принудувале студентите да ги полагаатнивните предмети на матичната институција. Во одре­дени случаи, матичната институција исто така го огра­ничувала бројот на кредити кои можат да бидат стек­нати или трансферирани од странство.3.4.4.Институционалнаперспектива

Во европскиот високообразовен простор, високо­образовните институции имаат добиено висок степенна автономија. Тоа претставува главен принцип кој еисто така почитуван и во рамки на меѓународнитеиницијативи (како што е болоњскиот процес). Ова еотсликано во резултатите добиени со ПРИМЕ­истра­жувањето, кои покажуваат дека подготовките за сту­диски престој во странство, како и процедурите запризнавање на предметите во најголем број се специ­фични за секој универзитет. Поради овој факт, пона­тамошната анализа ги разгледува разликите во проце­сот на признавање на 30 универзитети со минимум 25одговори добиени од студенти со ПРИМЕ­прашални­кот за студенти.Универзитетите беа поделени во три групи споредчетири фактори на рангирање:

• проблемите во процесот на признавање посочениод страна на Еразмус­студентите изразени вопроценти;• средната вредност на соодносот на признавање;• процентот на студенти кои не мораат да слушаатникакви предавања и да полагаат испити кои нор­мално би требало да ги полагаат на матичнатаинституција;• процентот на студенти кои требало да ги слушаати полагаат сите тие предмети.Овој дел од студијата накратко прави споредба по­меѓу групата на 8 релативно најдобри и групата на 8релативно најлоши универзитети според добиенитеодговори од овој примерок на 30 универзитети со целда ја оцени нивната генерална ситуација и можнитезаеднички карактеристики. Во оваа фаза, важно е да сеистакне дека не беа пронајдени доволни докази заподдршка на хипотезата на фактори кои позитивновлијаат врз процесот на признавање. Веројатно може­би признавањето, во голема мера, зависи од специ­фичните околности во рамки на еден универзитет изаедничките процедури или карактеристики немаатзначајно влијание.Сите универзитети или користат ЕКТС или имаатјасно дефинирани трансфер­системи помеѓу ЕКТС илокалните/националните кредитни системи. Еразмус­испитаниците од високорангираните универзитети вопросек имаа 95% признавање на нивните предмети,додека Еразмус­испитаниците од нискорангиранитеуниверзитети имаа во просек 75% признавање нанивните предмети. Од друга страна, пак, целатаПРИМЕ Еразмус­студентска популација со валидендоговор за студирање има 88% од нивните предметипризнати.

Не беа воочени сличности внатре во групите и кајвисоко и кај нискорангираните универзитети кај про­цедурите за потпишување на договорот за студирањеи признавањето. Пониско рангираните универзитети,на своите студенти кои реализираат студентска разме­на во странство, им даваат поголема слобода воизборот на предмети, додека високорангираните уни­верзитети настојуваат да го контролираат изборот напредмети да биде најсоодветен со студиската програмана студентите. Сепак, ова не може да се земе какоопшто правило бидејќи и двете групи содржеле самопо 8 универзитети и според тоа секој универзитет имаголемо влијание врз резултатите. Академските коор­динатори и координаторите на факултетите почесто сеодговорни за признавање кај високорангираните уни­верзитети во споредба со шефот на студиската програ­ма кај нискорангираните универзитети.Споредувајќи ги обврските на студентите да посе­туваат предавања или да полагаат испити по нивнотовраќање, може да се забележи дека 70% од испитани­ците од високорангираните универзитети не морале даслушаат предмети или да полагаат испити и само 2%биле принудени да ги полагаат сите испити. Од другастрана, бројот на студенти од пониско рангиранитеуниверзитети кои морале да ги полагаат сите испити ескоро ист со бројот на студенти кои не морале даполагаат никакви испити (ова треба да биде сфатенокако опис, а не како резултат бидејќи рангирањетоисто така беше засновано на овој фактор).Генерално, не беа забележани големи разлики вопроблемите при признавањето кај Еразмус­испитани­ците кои доаѓаа од пониско рангираните универзи­тети. Единствената поголема разлика беше тоа што тиепочесто се среќаваа со проблеми околу компатибил­носта на студиските програми. Некомпатибилноста настудиските програми и тешкотиите да се споредисодржината на предметот претставуваат повеќе од 40%од проблемите посочени од Еразмус­студентите одпониско рангираните универзитети, споредено со 26%од проблемите посочени од сите Еразмус­испитаници.Студентите од пониско рангираните универзитетипочесто избирале предмети согласно со нивнитеинтереси (7,6% од сите проблеми, споредено со 3% кајсите студенти), иако наведувале помалку лични при­чини. Еразмус­испитаниците од пониско рангиранитеуниверзитети имаа двапати повеќе проблеми со нив­ните матични институции кои одбивале да ги призна­ат положените испити во странство споредено со ситеЕразмус­студенти кои се соочиле со проблеми (7% одстудентите од пониско рангираните универзитетиспоредено со 3,5% кај сите студенти). Ова главно седолжи на одговорите на студентите кои доаѓаат од двевисокообразовни институции. Згора на тоа, во една одтие институции, очигледно признавањето на испититебило правено од страна на самите професори.

3.4.5.ОпштитрендовивопризнавањетоЗа среќа или за несреќа – во зависност од ставот наразмислување – ПРИМЕ­истражувањето не издвоијасни општи трендови или фактори кои го одредуваатпроцесот на признавање. Постоеја многу фактори за дабидат земени предвид, и од размислувањата на сту­дентите и од оние на универзитетите. Сé на се, изгледадека признавањето на испити положени во странство

Page 26: Univerzitetski vesnik br. 123

26 универзитетски весник - број 1 23

е многу специфична поединечна работа, врз којавлијаат процедурите за потпишување на договорот застудирање и, се разбира, признавањето во матичнатаинституција.ПРИМЕ­студијата не собра докази дека призна­вањето би варирало помеѓу различните нивоа настудии (прв или втор циклус). Всушност, признавање­то беше многу слично за студентите со или без валидендоговор за студирање, потпишан пред почетокот настудискиот престој. Ова можеби е резултат на тоа штопоголемиот дел на студенти (95,8%) имале договор застудирање потпишан пред нивното заминување имногу од оние кои немале договор за студирање гопотпишале за време или по нивниот студиски периодво странство.Не беше забележана голема разлика во степенот напризнавање помеѓу студентите кои биле на студискаразмена за еден семестар и оние за една академскагодина. Разликите помеѓу Еразмус и другите програмиза мобилност не беа детално истражени, бидејќи 95,1%од испитаниците биле учесници во програматаЕразмус. Беа забележани мали разлики во при­знавањето помеѓу различни факултети или научниподрачја.Испитаниците чии студии биле од областа на зем­јоделските, медицинските, општествените и економ­ските науки во просек добивале над 90% признавање

на нивните испити положени во странство, додека сту­дентите од математичките и информатичките наукидобиле само 77%. Сепак, треба да се земе предвид декабројот на испитаници по научни области многу вари­раше (помеѓу 26 од земјоделските науки и 413 од еко­номските). Доколку примерокот на испитаници е мно­гу мал, се зголемува влијанието на секој поединец штоможе да доведе до нереални податоци.ПРИМЕ­истражувањето пронајде одредени доказидека признавањето е поврзано со матичната институ­ција на студентите и со тоа дали страните во процесотна признавање се идентични со оние што го потпишу­ваат договорот за студирање. Од друга страна, пак, непостои значајна поврзаност помеѓу признавањето инивото на информации кои студентот ги поседува запроцесот на признавање.На крај, институциите­учеснички во ПРИМЕ беазапрашани дали тие го гледаат признавањето какофактор кој ја одредува одлуката на еден студент да за­мине во странство. 80% од нив го потврдија признава­њето како еден од одлучувачките фактори. Студентите,пак, изјавиле дека тие сепак би отишле на Еразмус­студентска размена иако не би добиле целосно при­знавање. Според ова, студентите најверојатно имаатразлични мотивации за реализирање на студискипериод во странство. Сепак, признавањето сé уштепретставува еден од главните фактори за квалитетотна студентската мобилност.

Четвртиот меѓународен конгрес на Европскатамрежа за компаративни студии се одржа во Скопје и воОхрид, во периодот 1­3 септември 2011 година. Инсти­тутот за македонска литература при Универзитетот„Св. Кирил и Методиј" во Скопје, овој конгрес го орга­низираше во соработка со ДККМ (Друштво закомпаративна книжевност на Македонија) и соREELC­ENCLS (Европската мрежа за компаративнакнижевност).На овој меѓународен компаративистички собир, натема „Книжевни дислокации“ (Literary Dislocations /Déplacements littéraires), учествуваа околу деведесет на­учници, од кои над педесет пристигнаа од 26 различниземји од Европа и пошироко (по неколкумина одШпа­нија, Ирска, Исланд, Словенија, Франција, Австрија идр., како и од Индија, Тајван и САД). Научната работана собирот беше посветена на проблематиката на зна­чењето на просторните координати во формирањето итрансформирањето на културните идентитети. Каколокацијата сфатена во географска смисла ги добивапонатамошните социолошки и културни специфики,како географското место влијае врз културната про­дукција и во тие рамки особено на книжевноста, какоменувањето на просторите и границите се рефлектираврз книжевниот дискурс (на пример, проблематикатана егзилот, дијаспората, номадизмот во литературатаи уметноста), се прашањата врз кои се задржа внима­нието на култулорозите и книжевните компаративис­ти од Европската мрежа за компаративни книжевнистудии.

Работата на овој меѓународен конгрес се одвивашена англиски и на француски јазик, во 11 сесии, и тоа:• Аспекти на дислокациите ­ во која се разгледуваапосебните теоретски пристапи кон прашањето нарелацијата географски простор наспрема култура­та и во која се дефинираа најважните концептиповрзани со оваа проблематика, како што се: де­територијализација, егзил, потекло, дом, мигра­ција;• Локација и идентитет ­ во која се третирашеидентитетската база на географската лоцираност,конструирањето на идентитетите и нивната неста­билност поврзана со топосот;• Егзил, миграција, дијаспора – која ги проследивлијанијата на феномените на миграција, егзил,дијаспора врз книжевното творештво и врз други­те уметности;• Европа наспрема не­Европа – која содржеше не­колку текстови посветени на поливалентноста напоимот на европски идентитет, се распрашувашеза надминувањето на европоцентричната пер­спектива и даде придонес во расветлување напостколонијалните аспекти на културата, какошто е прашањето за негро­африканската култураи литература;• Патопис – која се фокусираше на патописот какожанр во кој најексплицитно е претставена средба­та со другоста и во кој дислокацијата го опфаќапросторното поместување како основа на книжев­ниот дискурс;

ЧЧ ЕЕ ТТВВРРТТИИ ММЕЕЃЃУУННААРРООДДЕЕНН ККООНН ГГРРЕЕСС ННАА ЕЕВВРРООППССККААТТАА ММРРЕЕЖЖААЗЗАА ККООММППААРРААТТИИВВННИИ ССТТУУДДИИИИ ,, ВВОО ООРРГГААННИИ ЗЗААЦЦИИ ЈЈ АА ННАА

ИИННССТТИИ ТТУУТТООТТ ЗЗАА ММААККЕЕДДООННССККАА ЛЛИИ ТТЕЕРРААТТУУРРАА ВВОО ССККООПП ЈЈ ЕЕ

Page 27: Univerzitetski vesnik br. 123

27универзитетски весник - број 1 23

• Дислокации помеѓу реалноста и имагинацијата– која се занимаваше со релацијата помеѓу факти­цитетот и фикцијата во уметноста и особено волитературата;• Интермедијалност – која ги разгледуваше мену­вањата на локациите како менувања на различ­ните медиуми, односно која поимот локација гоповрза со конкретен медиум (филм, фотографија,книжевност, електронски медиуми, сликарство);• Книжевен превод – која го толкуваше преводоткако своевидна дислокација од една во другајазично­културна средина и се распрашуваше заспецификите на мултикултурноста и повеќејазич­носта;• Митолошки, антички и балкански дислокации –во која доминираа темите поврзани со динамика­

та на просторот во митологијата и во античкаталитература, како и во балканскиот социо­културенконтекст;• Поетики и автори на дислокација во која се раз­гледуваа конкретни автори кои во реалниот животискусиле некој вид на менување на простор, од­носно миграција, и кои во своите книжевни пое­тики ја рефлектирале таа егзистенцијална состој­ба;• Културните светци на европските националнидржави – тркалезна маса посветена на истакнатикултурни дејци од европските национални држависо кои се поврзува националната идентификацијаво одредени локалитети.

Ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Мето­диј“ во Скопје, проф. д­р Велимир Стојковски,на 4 октомври 2011 година (вторник) ги прими сту­дентите кои зедоа учество и постигнаа високи ре­зултати на 5. Европско универзитетско првенство вокарате, кое се одржа во Сараево, во периодот од 21 до24 јули о.г.Средбата со студентите се одржа во топла и срдечнаатмосфера и на неа, покрај нашите спортски амбаса­дори, присуствуваа проекторите на УКИМ, членови наДеканатската управа и професори од Факултетот зафизичка култура, претставници на Универзитетскиотспортски сојуз, како и претставници на македонскитеелектронски и печатени средства за јавноинформирање. На оваа средба, на ректорот му бешепредаден пехарот што македонската репрезентација гоосвои во Сараево.

Ректорот им ги честиташе високите пласмани настудентите со следниве зборови: Пред сѐ, да ви го чес­титам големиот успех и воедно да ви посакам в го­дина да го освоите и првото место. Универзите­тот секогаш ги поддржувал и ќе ги поддржува вак­вите манифестации, во кои се натпреваруваат не­гови студенти. Тој, исто така, им порача овие спорт­ски успеси да им бидат поттик и стимул за бројни на­тамошни достигнувања на личен и на професионаленплан.Инаку, нашите студенти освоија вкупно 9 медали,од кои 4 сребрени и пет бронзени, што претставуванајголем успех на македонските каратисти остварен надосегашните меѓународни спортски првенства во ка­рате.

ВВИИССООККИИУУССППЕЕССИИННААССТТУУДДЕЕННТТИИТТЕЕННАА УУККИИММ

На Европското универзитетскопрвенство во карате во Сараево

Р.бр. Име и презиме Карате клуб Категорија Универзитет Пласман

1

2

3

4

5

6

7

8

9

Наташа Стефановска

Стојан Тасевски

Мартин Несторовски

кумите тим - машки

Иво Цветковски

ката тим - женски

Жарко Арсовски

Огнен Груевски

Мери Радичевска

Металург

Металург

Верица Трајковска, Зорица Спиркоска иСања Николиќ

Иво Цветковски, Огнен Груевски,Мартин Несторовски, Вања Груевски,Ферат Курбулики, Стојан Тасевски и

Спасе Илиевски.

Макпетрол

Металург

Металург

Макпетрол

Макпетрол

Кумите - 75 kg.

Кумите - 84 kg.

ката тим

Кумите тим

Кумите + 84 kg.

Кумите - 61 kg.

Кумите - 84 kg.

Кумите + 84 kg.

Кумите - 50 kg.

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

Универзитет „Св. Климент Охридски“ во Битола

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

Сребрен медал

Сребрен медал

Сребрен медал

Сребрен медал

Бронзен медал

Бронзен медал

Бронзен медал

Бронзен медал

Бронзен медал

Page 28: Univerzitetski vesnik br. 123

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“бул. Крсте Мисирков б.б., 1 000 Скопје, Македонија

: +389 2 3 293 293 : +389 2 3 293 202

: [email protected] : www.ukim.edu.mk